Програма за девојки и жени „Враќање кон себе“

Оваа пролет, Грит ја започнува со организирање на програма наменета за девојки и жени „Враќање кон себе“.

Погледнете што сѐ вклучува програмата и пријавете се!

Програмата е наменета за девојки и жени од нашата држава без ограничување на возраст и истата ќе се одржи од 31.3.2023 до 2.4.2023 во Вила Ана Марија, Дурачка Река.
Во цената се вклучени оброци, сместување, програма, и материјали додела  превозот до местото на настанот не е вклучен.
Со учеството во оваа викенд програма вие директно помагате на млади жени (15-29) од социјално загрозени категории кои ќе имаат можност да учествуваат во истата бесплатно БЛАГОДАРЕНИЕ НА ВАС!
Сите заинтересирани треба да ја пополнат апликацијата достапна тука.

Сподели на