Дневен центар за окупациона терапија за лица со попреченост-повик за изразување интерес

Со цел понуда на услуги во заедницата за лица со попреченот, Цма Крик ќе воспостави Дневен центар за окупациона терапија за лица со попречености. Центарот се наоѓа во месната заедница во Црниче, која се наоѓа на ул. Баница бр. 1 Скопје. Просторот е даден на користење на Крик од општината Кисела Вода.
Центарот започнува со работа со мапирање на лица со попреченост од Скопје и нивните потреби. Центарот ќе работи од понеделник до петок, а корисниците би имале можност да го посетат два до три пати во неделата, по неколку часа.

Вработени во центарот се стручен кадар кои има искуство во работа со лица со попреченост и тоа окупационен терапевт и психолози. Центарот се отвара со поддршка и како дел од проектните активности од ИПА проектот каде Крик е партнер- Добивање живот, деинституционализација на лицата од Специјална институција Демир Капија, воден од People in Need меѓународна организација со претставништво и во Македонија.
Целта на професионалниот тим на Центарот е да опфати и да мапира поголем број на лица со пореченост од 18 години нагоре кои би се вклучиле и би ги следеле окупационо-терапевтските активности.

Отвараме повик за пријавување на лица со попреченост кои би сакале да ги користат услугите на центарот. Доколку сте заинтересирани, пополнете ја оваа форма ФОРМА ТУКА

Сподели на