Kонференција – „Дали образовниот систем гради целосни личности?“

Конференцијата „Дали образовниот систем гради целосни личности?“ цели пред се да ги запознае главните актери во програмите со тоа што се планира да се направи, но и да се консултира со нив дали тие сметаат дека истото е возможно да се реализира во училиштата. Односно, на самата конференција ќе бидат претставени следните програми:
– Програма за подобра грижа за менталното здравје на учениците во образовниот систем, наменета за наставници и психолози во средни училишта. 
Говорник: Тиана Ивановска – СебеСложувалка 
– Програма за кариерно советување на средношколци, наменета за учениците од средните училишта.
Говорник: Ивана Дојчиновска Стојановиќ – Асоцијација на кариерни советници
– Програма за градење на капацитети на кариерни советници во рамки на средните училишта.
Говорник: Славица Тасева– Асоцијација на кариерни советници
Покрај претставувањето на програмите и јавната дискусија за истите, во текот на настанот ќе бидат спроведени и тркалезни маси согласно темите на програмите на кои што наставниците, кариерните советници, психолозите и останатите присутни ќе бидат директно консултирани за програмите. Консултацијата ќе се одвива во насока на подобрување на пристапот за реализација на програмите во училиштата. 
За повеќе информации отворете на нашата веб страна https://bit.ly/3MCRx1a
Датум: 22.06.2022 
Време: 12:00 часот
Локација: Рагуза 360, Скопје
Поради полесна логистичка организација, Ве молиме да се пријавите на следниот линк https://forms.gle/FGErLdbgv7n4eA9f9
*На учесниците кои доаѓаат од другите градови ќе им бидат покриени патните трошоци доколку уредно ги сочуваат и ни ги достават доказите за превоз.

Конференцијата „Дали образовниот систем гради целосни личности?“ е во рамки на проектот “All for You(th)”, имплементиран од ЗГ Младите можат, а поддржан од Европската комисија.

ТЕКСТ

Сподели на