Едукативна платформа за млади еко-активисти

Едукативна платформа за млади еко-активисти, како дел од проектот Младински активизам за позелени општини претаставува проект кој има за цел да го зголеми учество на младинските организации и млади активисти во процесите на креирање политики за животна средина на локално ниво.

Преку овој проект, младите лица имаат можност да завршат бесплатни едукативни курсеви преточени во видеа, специфични за животната средина и климатските промени како и за еко-активизам.

Самата платформа има за цел:

  • Да ги зголеми капацитетите на младите активисти и младински организации за ефективно застапување за заштита на животна средина на локално ниво;
  • Да воспостави партнерство помеѓу засегнатите страни во обезбедување на имплементацијата на стандардите поставени во Поглавје 27 од правото на ЕУ (EU Acquis) во најмалку 12 општини;
  • Да се зголеми бројот на младински иницијативи кои се однесуваат на активности за следење и застапување за заштита за животна средина на локално ниво.

Сите млади лица кои имаат желба да научат нешто повеќе за еко-активизмот и за животната средина и климатските промени, можат бесплатно да се регистрираат на самата платформа која е достапна тука и да ги проследат курсевите преку кои ќе поттикнат одржлив и зелен урбан развој и создавање на локални заедници отпорни на климатски промени.

Проектот е имплементиран од Македонско здружение на млади правници, Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина ГОУ ГРИН Скопје, Центар за климатски промени од Гевгелија и Младинска организација Креактив.

 

Сподели на