Доколку сте подготвени да водите стратегии за политика и застапување и да управувате со тимот, поседувате најмалку шест години работно искуство во policy and advocacy, најмалку три години искуство во управување во мултикултурна или меѓународна средина и ги познавате процесите на одлучување на Европската Унија, Советот на Европа и/или Обединетите нации, тогаш оваа работна позиција е токму за Вас!
Eвропскиот Младински Форум отвара работна позиција: Director of Policy, Advocacy & External Affairs.
Избраното лице ќе ја надгледува работата на 10-15 колеги, меѓу кои и 4 менаџери и ќе има интегрална улога во развојот на Европскиот младински форум. Заедно со директорот за комуникации и надворешни работи, двајцата директори ќе бидат заеднички одговорни за сите надворешни резултати на Форумот. За таа цел, Европскиот младински форум е во потрага по лице, специјализирано за застапување, кој ќе биде дел од високиот лидерски тим и ќе одговара на генералниот секретар. Директорот воедно ќе ја врши работата во тесна соработка со другите одделенија на Европскиот младински форум, како и со Одборот на Европскиот младински форум.
Рокот за аплицирање е до 26 март 2023 година.
Повеќе информации се достапни тука.