Повик за избор на експерт/ка за изработка на документ за јавна политика за потребни реформи во младинските политики за кариерен развој и младинско информирање

1. Вовед

За секој поединец, пронаоѓањето на вистинската кариера е процес на обиди и грешки кој
почнува со идеја и бара многу истражување низ тоа патешествие. Веруваме во млади кои се
мотивирани да го пронајдат своето поле на интерес и делување и да ја креираат сопствената
иднина со тоа што се решителни и способни да ги остварат своите цели и соништа на личен и
професионален план во насока на посакуваната кариера. Средното училиште, особено
поддршката од професорскиот кадар, е прво ниво за почеток на процесот на кариерно
планирање и развој на младиот човек и почеток на самоистражување на личните способности,
афинитети и интереси. Планирањето на кариера е само еден од аспектите на поврзување на
средните училишта со високообразовните институции и со пазарот на трудот. Достапни услуги
за кариерно насочување, развој на тврди и меки вештини, поттикнување на претприемнички
дух кај младите е огромен чекор кон модернизирање и реформа на системот на образование и
негово воведување во економските текови на општеството. Тоа е првиот чекор кој на младите
им е потребен кон кариерата од нивните соништа. Здружение на граѓани Младите можат во
текот на своето постоење активно работи на овозможување и поттикнување на личен и
професионален развој на младите.

2. Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги
спроведе следните работни задачи:
 Подготовка на документ за јавна политика за идентификување на потребните реформи
во политиките за кариерен развој и вработување на млади и препораки за истите
– Документот треба да прикаже детална анализа на моменталната состојба во Република
Северна Македонија во однос на младинските политики за кариерен развој и
вработување
– Во документот за јавна политика треба да бидат формулирани препораки кои се
применливи и изводливи и кои ги следат најдобрите практики од областа на кариерен
развој и младинско вработување
– Да се стави посебен фокус на младите од средното образование
Експертот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на
работните задачи.

Експертот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.

3. Потребни квалификации

– Најмалку 3-годишно релевантно работно искуство во изработка на документи за јавни политики или спроведување истражувања и анализи;

– Запознаеност со работата на Младите можат (пожелно е претходно искуство, работно или волонтерско во претходни активности или проекти)

– Високо развиени аналитички вештини;

– Способност за сумирање и претставување на комплексни истражувачки наоди во лесно разбирливи текстови и пораки;

– Одлично познавање на македонски и англиски јазик;

– Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;

 – Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;

– Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;

– Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.

4. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:

– Кратка биографија на експертот/ката
– Кратка предлог методологија за работа во 1 страна
– Прилог со референци од претходно искуство
– Финансиска понуда
преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за документ за јавна
политика. Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија
составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

Рок на аплицирање: 14ти март 2021г., 23:59.

Сопственост: Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на
Младите можат. Добавувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој
ангажман без претходна писмена согласност од Младите можат.

 

Сподели на