Повик за доставување на понуди за набавка на услуги за истражување, анализа на податоци и креирање на Извештај и Патоказ во рамки на Опсерваторија на Дигиталната агенда

За потребите на проектот Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА финансиран од Европската унија врз основа на договорот за Грант со референтен број IPA/2019-414-059Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис Скопје објавува Повик за доставување на понуди за набавка на услуги за истражување, анализа на податоци и креирање на Извештај и Патоказ во рамки на Опсерваторија на Дигиталната агенда.
Фондацијата Метаморфозис од Скопје (Северна Македонија) во партнерство со Академија за е-владееење (Естонија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора), Oтворени податоци Косово (Косово) и Levizja Mjaft! (Албанија), го реализираат проектот Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА финансиран од Европската унија. Проектот има за цел да го зголеми учеството на граѓанските организации (ГО) во обликувањето и имплементацијата на Дигиталната агенда на Западен Балкан.
Вкупното времетраење на проектот е 3 години, од февруари 2020 до јануари 2023 година.
Услови и критериуми за учество на повикот
За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следните критериуми за утврдување на нивната способност.
Физичко лице/а:

 

  • Претходно искуство со истражување во Северна Македонија (најмалку 2 истражувања во последните 5 години);
  • Високо ниво на познавање и примена на англискиот јазик (усно и пишано);
  • Познавањето на областа ќе се смета како предност;
  • Позитивен однос и способност за работење со почитување строги рокови;
  • Спремност за учество на состаноци и настани поврзани со проектот, онлајн, во земјата и во странство (доколку условите го дозволуваат тоа).
 

Правно лице/а:

Лична состојба на понудувачот

  • во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
  • на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
  • понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
  • понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
  • на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.

Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на личната состојба со изјава која ја доставува во прилог на својата понуда (изјавата е дадена во прилог на оваа документација – Прилог 3).
Покрај изјавата, понудувачот заедно со понудата не мора да поднесе документи за докажување на личната состојба. Заради проверка, Комисијата може да побара од понудувачот чија понуда ја утврдила за најповолна да ги достави потребните документи за утврдување на неговата лична состојба за проверка на овие критериуми.
Способност за вршење на професионална дејност
Понудувачот треба да е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно прописите на земјата каде што е регистриран (ДРД образец).
Техничка или професионална способност
Критериум за утврдување на техничката или професионалната способност на понудувачот е:

  • понудувачот да има успешно реализирани најмалку 1 (еден) договор поврзан со предметот на набавка во последните 3 (три) години

Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови со доставување на :

  • листа на референци за успешно реализирани договори поврзани со предметот на набавка во последните три години, со вредности на договорите, датуми на склучување, купувачи (договорни органи)

Повеќе информации за повикот може да се најдат во Барање за понуди (последно ажурирање 10.03.2021)

Понудата треба да содржи следните елементи:

  • Финансиската понуда треба да се изготви според образецот даден како Прилог 1 .
  • Документи за докажување на техничка и професионална способност:
  • Изјава за прифаќање на условите од тендерската документација според образецот даден како Прилог 2.
  • Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба според образецот даден како Прилог .
  • CV/ резиме за секој експерт кое задолжително ќе содржи детално и јасно објаснување на бараните квалификации наведени во барањето за понуди. Метаморфозис има право да побара докази за секоја квалификација наведена во CV-то на предложените експерти.

Секој понудувач може да учествува само со една понуда.
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски или англиски јазик пополнети рачно или на компјутер.
Оние понуди што нема да ги содржат потребните елементи или не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид за понатамошна евалуација.
Начин на доставување на понудите

  • Понудите се доставуваат на македонски јазик.
  • Понудите треба да се достават електронски по е-мејл адреса [email protected] или по курирска служба или лично во запечатен плик со назнака „НЕ ОТВАРАЈ“ за Проект „ИЦЕДА“ – Конкурс за истражување.
  • Понудите треба да бидат оригинални и потпишани, а доколку се доставуваат по електронски пат, потпишаните оригинали треба да бидат скенирани.

  • Краен рок за поднесување на понудите е 16.03.2021 година до 16:00 часот.

————————————————————————————————————————————————————————————————–
Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Предавање „Техники за подобро учење, помнење и справување со онлајн настава“

Во оваа година полна со предизвици, особено за учениците кои поминуваат голем дел од своето време онлајн и се заситени од онлајн наставата, потребно е да се понудат алатки за полесно справување со ситуацијата. На ова предавање ќе зборуваме за техники за подобро учење за учениците кои имаат проблем со учењето и помнењето.
Предавањето „Техники за подобро учење, помнење и справување со онлајн настава“ ќе се одржи на 15-ти март во 18:00 часот. Предавањето ќе го одржат Ивана Цилевска и Клементина Добревска од Психеско.
Учесниците на предавањето ќе се здобијат со корисни техники и совети за подобро учење и помнење, ќе добијат информации како полесно да менаџираат со онлајн наставата, но и како да се справат со стресот од ваквата настава преку примери и дискусија.
За да присуствувате на предавањето потребно е да се регистрирате однапред на следниот линк: https://forms.gle/wSDWjpuvxfrggdfW7 најдоцна до 14-ти март (недела). Пред настанот на вашата мејл адреса ќе Ви биде споделен линк за приклучување на Zoom.
За предавачите:
Ивана Цилевска е студентка од трета година на Институот за Психологија при УКИМ. Активен член е на ЗСП Психеско веќе 3 години, а од 2020 година ја има функцијата на Координатор на Човечки Ресурси во здружението. Дел е од многубројни организации и ужива да учествува во различни проекти. Особен афинитет има кон истражувачкиот дел на психологијата.
Клементина Добревска, апсолвент на Институтот за Психологија при УКИМ и претседател на ЗСП Психеско. Слободното време го користи како волонтер во првата детска амбасада – Меѓаши. Заинтересирана е за хуманистичките пристапи од психологијата, а најинтересна област и е форензичка и детска психологија.
Настанот е организиран од Младински образовен форум со поддршка од Иницијативата за демократија на Западен Балкан на Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Balkan Booster 2021: Повик за пријавување

Дојче Веле бара нови учесници за проектот „Balkan Booster“. Сите заинтересирани можат да ги испраќаат своите пријави до 21 март 2021-ва.

Сакате ли да дознаете кои се и како живеат луѓето во соседните земји? Кои се нивните приказни? Сакате да работите во тим, да ја барате позитивната страна и решенијата за проблемите во локалната заедница? Ако сите одговори се „да“, а уште згора на тоа сакате и да снимате видеа со мобилен телефон и активно ги користите социјалните медиуми, тогаш сте на вистинското место!

Дојче Веле бара учесници за проектот „Balkan Booster“, кој ќе трае од април до декември 2021 година.

Темата на овогодишниот проект е: „Да ги покажеме решенијата!“ За учеството во проектот ќе биде обезбеден и хонорар.

Сите заинтересирани треба да ги исполнуваат следните услови:

 1. Да живеете во една од овие земји: Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија или Косово

2. Да имате помеѓу 18 и 25 години

3. Да студирате новинарство или да имате новинарско работно искуство

4. Да сте подготвени да работите во тим, да патувате и да известувате од мали и оддалечени места (во зависност од ситуацијата со пандемијата на коронавирус)

5. Да имате време да учествувате на тридневна онлајн обука за видео-новинарство во април или мај 2021 година

6. Да ги почитувате договорените рокови

7. Активно да користите социјални медиуми (Фејсбук, Инстаграм, Твитер)

8. Активно да користите (да зборувате и пишувате) англиски јазик

9. Да сте мотивирани да научите повеќе за другите земји, идентитети и култури на Балканот

10. Знаете да снимате и монтирате видеа на мобилен телефон? Тоа е предност!

Ако сте заинтересирани да станете дел од големото Balkan Booster семејство на Дојче Веле, испратете ни своја пријава најдоцна до 21 март 2021 година (до 23:59 часот) на имејл адресата: [email protected], со следните документи:

– Биографија на англиски јазик

– Кратко видео во кое ќе ја објасните својата мотивација за учество во проектот. Видеото не смее да биде подолго од две минути и треба да биде испратено во mp4 формат преку WeTransfer. Видеото може да биде на мајчин јазик. Контакт лице за Северна Македонија: Елизабета Милошевска Фиданоска ([email protected])

За повеќе информации за претходните четири сезони од проектот следете го хаштагот #dw_BalkanBooster на социјалните мрежи, или побарајте видеа на нашите интернет страници (на македонскиовде)

Повик за избор на експерт/ка за изработка на документ за јавна политика за потребни реформи во младинските политики за кариерен развој и младинско информирање

1. Вовед

За секој поединец, пронаоѓањето на вистинската кариера е процес на обиди и грешки кој
почнува со идеја и бара многу истражување низ тоа патешествие. Веруваме во млади кои се
мотивирани да го пронајдат своето поле на интерес и делување и да ја креираат сопствената
иднина со тоа што се решителни и способни да ги остварат своите цели и соништа на личен и
професионален план во насока на посакуваната кариера. Средното училиште, особено
поддршката од професорскиот кадар, е прво ниво за почеток на процесот на кариерно
планирање и развој на младиот човек и почеток на самоистражување на личните способности,
афинитети и интереси. Планирањето на кариера е само еден од аспектите на поврзување на
средните училишта со високообразовните институции и со пазарот на трудот. Достапни услуги
за кариерно насочување, развој на тврди и меки вештини, поттикнување на претприемнички
дух кај младите е огромен чекор кон модернизирање и реформа на системот на образование и
негово воведување во економските текови на општеството. Тоа е првиот чекор кој на младите
им е потребен кон кариерата од нивните соништа. Здружение на граѓани Младите можат во
текот на своето постоење активно работи на овозможување и поттикнување на личен и
професионален развој на младите.

2. Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги
спроведе следните работни задачи:
 Подготовка на документ за јавна политика за идентификување на потребните реформи
во политиките за кариерен развој и вработување на млади и препораки за истите
– Документот треба да прикаже детална анализа на моменталната состојба во Република
Северна Македонија во однос на младинските политики за кариерен развој и
вработување
– Во документот за јавна политика треба да бидат формулирани препораки кои се
применливи и изводливи и кои ги следат најдобрите практики од областа на кариерен
развој и младинско вработување
– Да се стави посебен фокус на младите од средното образование
Експертот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на
работните задачи.

Експертот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.

3. Потребни квалификации

– Најмалку 3-годишно релевантно работно искуство во изработка на документи за јавни политики или спроведување истражувања и анализи;

– Запознаеност со работата на Младите можат (пожелно е претходно искуство, работно или волонтерско во претходни активности или проекти)

– Високо развиени аналитички вештини;

– Способност за сумирање и претставување на комплексни истражувачки наоди во лесно разбирливи текстови и пораки;

– Одлично познавање на македонски и англиски јазик;

– Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;

 – Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;

– Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;

– Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.

4. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:

– Кратка биографија на експертот/ката
– Кратка предлог методологија за работа во 1 страна
– Прилог со референци од претходно искуство
– Финансиска понуда
преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за документ за јавна
политика. Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија
составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

Рок на аплицирање: 14ти март 2021г., 23:59.

Сопственост: Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на
Младите можат. Добавувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој
ангажман без претходна писмена согласност од Младите можат.

 

Онлајн тренинзи „University of Scouting“

Во текот на месец март, Сојуз на извидници на Македонија организира серија онлајн тренинзи.
Тренинзите се наменети за сите деца и млади над 12 години. Истите ќе се одвиваат онлајн на платформата Zoom во текот на викендите од месец март, а регистрацијата се врши преку пополнување на оваа апликација.

– ТРЕНИНГ ЗА ОНЛАЈН АЛАТКИ – 13 и 14 март
На овој тренинг ќе имате можност да се запознаете со неколку онлајн алатки кои ќе ви помогнат:
Да ги направите вашите онлајн состаноци поинтересни;
Да ја дигитализирате работата на одредот со цел да биде поедноставна и подостапна за сите волонтери;
Брзо и лесно да креирате лого, слика, постер или видео за социјални мрежи;
Да направите најкул презентација за училиште/факултет.

– ТРЕНИНГ ЗА ОРИЕНТАЦИЈА ВО ПРИРОДА – 20 и 21 март
Ќе добиете прилика подетално да се запознаете со материјалите за ориентација во природа, да прашате прашања за кои досега не сте го нашле одговорот и секако да научите кои се најважните делови на кои се добиваат најмногу бодови на извидничките натпревари.

– ТРЕНИНГ ЗА ПИШУВАЊЕ ПРОЕКТИ – 27 и 28 март
Тоа што пандемијата нѐ спречува да ги имплементираме активностите од соништата, не значи дека не можеме да ги планираме истите за во иднина. На овој тренинг ќе имате прилика да го научите и анализирате секој аспект од процесот на пишување на проект. Сесиите ќе бидат интерактивни, а при крајот на тренингот секој учесник ќе има подготвен предлог-проект за аплицирање. Пријавата можете да ја најдете тука.

За било какви дополнителни информации, може да нѐ контактирате на [email protected]

Пријава за учество во Програма за животни вештини и вработливост

Младински културен центар – Битола објавува конкурс за учесници во проектот “Зајакнување на младите преку нови можности” (YEEP). Проектот се спроведува како резултат на соработката меѓу Младински културен центар- Битола и СОС Детско село Северна Македонија.
Главната цел на програмата е да се подобрат изгледите за вработување и активно учество на пазарот на трудот на ранливите и загрозените млади од Битола.
Програмата за животни вештини и вработливост наменета за млади лица, обезбедува комплетна поддршка пред вработување преку обуки, менторство и индивидуално советување, можност за практична работа за стекнување работно искуство и можност за бесплатна стручна доквалификација. Програмата ќе започне во месец ноември и ќе трае до крајот на годината.

Што нудиме во програмата:
-Откривање на вашите интереси и потенцијали преку средби со нашиот стручен тим
-Обуки за основни животни вештини и вработливост
-Кариерно советување и коучинг
-Бесплатни стручни обуки соодветни на вашите интереси и цели
-Овозможување пракса
-Помош при вработување преку спојување со работодавачи

По завршување на програмата, учесниците се стекнуваат со Сертификат кој ќе овозможи полесно вработување според интересите и компетенциите на учесниците.

Учеството во програмата е бесплатно и доброволно, а бројот на учесници е лимитиран.

За учество во програмата пријавете се на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/1XfeRPNxOT8ub3Nol7Runm_02CtFlKLgK6qpnvQSyMqE/viewform?fbclid=IwAR2Mu5s4P_9B-T6AEyw7hJsKmiowkdag2VJlOGpTBZH8l8sXGHI0Swr9U5w&edit_requested=true

*ВАЖНО!!!
Во просториите каде што се одржуваат средбите со стручниот тим и/или обуки во висока мера се почитуваат сите мерки за лична заштита

 

Отворен повик за обучувачи

Македонски центар за меѓународна соработка во рамки на програмата Граѓански ресурсен центар, финансирана од Европската Унија, распишува отворен повик за избор на обучувачи за спроведување на програмата за градење капацитети на граѓанските организации.

Една од главните цели на Граѓанскиот ресурсен центар е обезбедување услуги за градење капацитети на граѓанските организации, во насока тие да бидат ефективни и отчетни независни актери во македонското општество. За остварување на оваа цел е подготвена Програмата за градење на капацитети на организациите.

Обуките од Програмата за градење капацитети ќе бидат спроведени онлајн во периодот април – мај 2021. Секоја обука ќе се состои од шест сесии, секоја сесија со времетраење од час и половина, а обучувачот ќе има вкупен ангажман од 4 работни дена за обука.

Успешните кандидати треба да ги задоволуваат следните критериуми:

  • Да има завршено високо образование;
  • Да има најмалку 7 години професионално искуство во граѓанско општество;
  • Да има најмалку 5 години  професионално искуство во спроведување обуки;
  • Да има спроведено најмалку три обуки на темата за која се пријавува;
  • Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фацилитаторски вештини.

Детали за темите за кои се потребни обучувачи:

  1. Управување со човечки ресурси

Целта на обуката е учесниците подетално да се запознаат со организациските процедури и политики за управување со човечки ресурси. На обуката треба да бидат покриени следните теми: поврзаноста на управување со човечки ресурси и организациска стратегија, организациска култура, посветеност и организациски вредности, градење тим, тимска работа и меѓучовечки односи, системи за внатрешно градење капацитети на персоналот, процедури за ангажирање и задржување на персоналот, воспоставување структура и систем на плати, систем за управување со перформанси, планирање и оценување на перформанси на персоналот, мотивирање на персоналот и сл.

2. Вклучување на конституентите во работењето на граѓанските организации

Почнувајќи со дефинирање на директни и индиректни конституенти (целни групи, членови, приврзаници) на граѓанските организации, со оваа обука учесниците треба да ги продлабочат знаењата и вештините за методите и алатките за прибирање идеи, консултирање и вклучување на конституентите, различни начини на онлајн и офлајн работење со конституентите, комуницирање на постигнатите резултатите на здружението, градење членство како и градење и одржување на посилни врски помеѓу граѓанските организации и граѓаните општо.

Обуката треба да опфати студии на случај и успешни практични примери од работењето на граѓанските организации. Исто така обуката, треба да се осврне и на вклучување и учество на младите во активностите на ГО.

3. Примена на теоријата на промени во граѓанските организации

Обуката има за цел да придонесе кон зајакнување на капацитетите на организациите за видовите и примената на теоријата на промени во нивното работење. На обуката учесниците треба да се стекнат со детални знаења за прашања како: Зошто да се користи теоријата на промени? Што вклучува процесот на теорија на промени во пракса? Како да се создаде и претстави теорија на промени? Како да се развие и примени пристапот на теорија на промени на организациско ниво? Како теоријата на промени помага во стратешкото планирање? Како да се користи теоријата на промени за создавање рамки за мерење? 

Постапка за изразување интерес

Со цел да се пријавите за обучувач на некоја од горенаведените теми, треба да испратите: 

  • Писмо за изразување интерес, во кое е наведено за која позиција се пријавувате заедно со финансиска понуда изразена во нето сума по ден (кандидатот може да се пријави за спроведување на обуки на повеќе од една од дадените теми);
  • Предлог дневен ред за обуката на дадената тема;
  • Професионална биографија;
  • Три препораки од слични работни ангажмани;

Рок за пријавување на отворениот повик е 22 март 2021 година. Целосната документација за изразување интерес треба да биде испратена на [email protected].

Доколку имате прашања поврзани со повикот може да ги поставите на: [email protected] до 15 март 2021 година.

Изборот на обучувачи ќе биде направен на крајот од месец март 2021 година врз основа на претходно утврдени критериуми.