Идните младински лидери за животна средина се собраа на тренинг курс во Истанбул

Во свет каде што еколошката свест е во пораст, едукацијата и зајакнувањето на младите во оваа област е од најголема важност. Затоа, проектот ECO-lution има за цел да развие млади лидери во областа на заштита на животната средина, одржливост и дигитализација.

Активностите за обука се одржаа во самиот центар на Истанбул во 2023 година. Од 19 до 25 јуни 12 учесници од Северна Македонија, Литванија, Турција и Италија учествуваа на овој тренинг курс каде подетално се запознаа со методите и алатките кои овој проект ги развива, а истите можат да се користат за развој на еколошката свест.

Проектот во кој учествуваше и Центарот за младински активизам Крик ги здружи своите знаења и ресурси заедно со меѓународните партнери за успешно спроведување на оваа активност. Секој од нив придонесе за различни аспекти на проектот, обезбедувајќи сеопфатен процес на учење на теми како што се младинската работа, свесноста за животната средина, одржливоста и дигиталните вештини. Секој ден беше посветен на различна тема на која учесниците се фокусираа и заедно развија конкретни акции што би можеле да ги применат во нивните заедници. Ова партнерство беше прекрасен пример за тоа како организации од различни земји и области се здружуваат за да постигнат заеднички цели.

Проектот е кофинансиран во рамките на програмата Еразмус+ на Европската Унија, чија цел е да промовира соработка, можности за учење и активности за градење капацитети во областа на образованието, младите и спортот.

Сподели на