Прашалник за планирање на младинските политики во Западен Балкан

НВО Инфоцентар, заедно со партнерските организации од регионот, во рамките на проектот „Регионален младински дијалог за Европа – RYDE“, спроведува истражување за приоритетите на младите и нивното учество во процесот на креирање младински политики во земјите од Западен Балкан.

Ве молиме пополнете го прашалникот, доколку сте млада личност која е:

  • Член/ка на политичка партија;
  • Вклучен/а во невладина организација;
  • Активист/ка;
  • Носител/ка на одлуки;
  • Дел од академската заедница.

Прашалникот е достапен на македонски и на албански јазик, на следните линкови:
МК – https://shorturl.at/jvAX2
АЛ – https://shorturl.at/mFZ01

Пополнувањето на прашалникот ќе Ви одземе најмногу 10 – 15 минути. Вашите одговори ќе останат анонимни.

Целта на проектот „Регионален младински дијалог за Европа – RYDE“ е да придонесе за зајакнување на партиципативната демократија, на европската интеграција и регионалната соработка на Западен Балкан, преку зголемено влијание на граѓанските организации, особено на младинските организации во промоцијата на демократските вредности, политичките, економските и социјалните придобивки на Европската интеграција на Западен Балкан.

Сподели на