Онлајн Дебатна Академија

Младински образовен форум ве поканува на овогодинешната регионална Онлајн Дебатна Академија која ќе се одржи од 4ти до 6ти декември 2020 година. Академијата ќе се одржи онлајн на платформата за видеокомуникација „Дискорд“. Учеството на Академијата е бесплатно и отворено за сите членови на локалните европски дебатни друштва.

Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк: https://bit.ly/31Yn5tQ

Приклучете се и бидете дел од една од нашите три траки: почетна, напредна и Траката за Британска Парламентарна дебата. Со секоја од овие траки вие ќе добието дополнителни знаења за компетитивната дебата и ќе го продлабочите вашето искуство во оваа сфера.

Почетната трака е отворена за сите оние кои се нови во светот на компетитивната дебата. Тука ќе ги научите темелите на World Schools дебатниот формат, ќе научите како успешно да анализирате теза, градите случај и кои се идеалните обврски кои треба да ги извршите како говорник во една дебата.

Ако сте заинтересирани за Напредната трака вие треба да имате барем една година претходно искуство со учество во дебатен клуб. Тука исто така ќе го изучувате World Schools форматот, но ќе имате шанса да го продлабочите вашето знаење и да навлезете
во сите детали кои го засегаат овој формат. Ќе станете експерти во анализа на комплицирани тези, во градење на модел и врамување на теза.

За крај, Траката за Британска Парламентарна дебата е отворена за сите вам кои сте веќе напредни и искусни дебатери или дебатни тренери. На оваа трака ќе навлезете во светот на Британската Парламентарна дебата, ќе ги дознаете сите нејзини специфичности и ќе го продлабочите вашето дебатно знаење. Преку предавањата ќе дознаете како успешно да изградите и одбраните случај за Британска Парламентарна дебата, како најефикасно да анализирате теза и како умешно да ги извршите сите улоги кои се среќаваат во овој формат.

На секоја трака ќе предаваат високо квалитетни меѓународни дебатери со долгогодишно искуство во сферата на компетитивна дебата, а вие ќе ја имате шансата да ги научите сите тајни и трикови за нивниот успех.

Тренерите кои ќе ги држат предавањaта ќе бидат објавени наскоро!

Работниот јазик на Дебатната академијата е Англиски.

Овој проект е финансиран од Европската унија и организиран од ИДЕА и МОФ како дел од „Иднината на Европа“ дебатите

Настанот ќе се одржи преку платформата Microsoft Teams. За да ви испратиме линк за следење на настанот задолжително е пријавување на следниот линк:
https://forms.microsoft.com/Pages/ResponsePage.aspx…

Како всушност да бараш и најдеш работа?
Како тоа да го направиш за време на криза?
Кои се начините и методите?
Да чекаш и следиш огласи или можеш да си проактивен?
Постојат начини кои ќе те стават во предност пред другите.
Ако сакаш да ги дознаеш, дојди на бесплатниот вебинар.

Овој вебинар се одржува во рамки на проектот „Зајакнување на млади преку нови можности“ на СОС Детско Село.

За предавачот:
д-р Лазар Ѓуров е основач и претседател на СИМБИОТИКА. Тој е армиски офицер, универзитетски професор, обучувач, мотивациски говорник и консултант, и има 11 годишно искуство во реализација на обуки, курсеви, мотивациски настани, семинари и сл. во следните области: лидерство, претприемништво, менаџмент, комуникации итн.

Сподели на