Консултативни средби со цел изработка Стратегија на млади 2021-2025

Националниот младински совет на Македонија со голема чест ве информира дека започнува со изработка на Стратегија за млади на град Скопје за период 2021-2025 година, со поддршка на  Град Скопје.

За таа цел, во следниот период сакаме да спроведеме консултации со членките како и со други организации и субјекти кои функционираат на ниво на град Скопје а кои работат со младите.

Ги покануваме сите заинтересирани лица да го дадат својот придонес и да се вклучат во една од работните групи. Сè што треба да направите е да се пријавите на еден од следниве линкови:

1. Консултативнa средбa со младински организации, организации за млади, политички подмладоци и други здруженија на граѓани – https://forms.gle/gGeqBi2LY5wvSi2h9

2. Консултативни средби со претставници на Општините на град Скопје – https://forms.gle/jPE7u5YA48bAkUjr9

3. Фокус групи со индивидуални млади – https://forms.gle/CeWikXbqFq2c9XzN7

📆Пријавувањето е отворено најдоцна до 24.11.2020 до 15.00 часот.

Сподели на