ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА (јануари – март 2021)

Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Македонија” поддржан од Амбасадата на Кралството ХоландијавоСкопје објавува јавен повик за учество во Програма за практикантска работа на млади правници. Програмата има за цел континуирана едукација на младите правници и зајакнување на нивните капацитети.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО:

  • Завршени три години правни студии (стекнати 180 кредити);
  • Интерес во областа на заштита на човековите права;
  • Основно познавање на англиски јазик.

Од практикантите се бара подготвеност да се обврзат на учество во текот на целокупното траeње на практикантската работа во циклусот од три месеци јануари, февруари и март 2021 година.

Во наведениот период, Програмата ќе ги опфати следните градови: Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Куманово и Тетово.

За учесниците на Програмата е предвиден фиксен месечен надоместок.

МЗМП ги повикува сите заинтересирани млади правници (вклучувајќи ги и студентите на постдипломски студии по право) да испрататсвое резиме/CV и да испратат пополнет формулар (во прилог), на електронската адреса amarkovska@myla.org.mkили на ул. Донбас бр.14 1/6, 1000 Скопје, најдоцна до 22.12.2020 година.

Програмата се спроведува во соработка со судовите во Република Северна Македонија, Народниот правобранител, граѓански организации  и адвокатски канцеларии. Предвидено е секој учесник да помине три месеци практикантска работа во една институција (изборот на институцијата го определува Комисија за избор на практиканти формирана од Управен одбор на МЗМП).

Дополнително, покрај практикантската работа учесниците задолжително посетуваат една дводневна обукa на следните теми:

  1. практични правни вештини и основни етички вредности на правната професија
  2. вештини за барање на работа во правната професија и
  3. сензибилизација

МЗМП е невладина организација, формирана со цел зајакнување на придонесот на младите правници во унапредување на правничката професија, заштита на човековите права и слободи и унапредување на принципот на владеење на правото во Република Северна Македонија преку учество и работа на конкретни проекти. Во своето работење МЗМП става посебен фокус на континуирана едукација на младите правници.

Сите избрани кандидати кои што ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.

Формуларот за пријавување може да го преземете на: ФОРМУЛАР-ЗА-ПРИЈАВУВАЊЕ-1

НАПОМЕНА

МЗМП  заедно со институциите, адвокатските канцеларии и граѓанските организации во кои ќе се спроведува практикантската работа во целост ќе се придржуваат и ќе ги почитуваат сите мерки и препораки дадени од страна на Владата на РСМ со цел заштита и превенција од ширење на КОВИД 19 вирусот. Исто така, сите избрани кандидати ќе имаат обврска да ги почитуваат мерките и препораките дадени од Владата на РСМ, како и интерните правила и упатствата од институцијата каде што ја спроведуваат практичната работа.

Здружението континуирано и внимателно ја следи состојбата со КОВИД 19. Доколку има потреба од прекин или одложување на Програмата за практикантска работа како резултат на дополнителни мерки и препораки донесени од страна на Владата на РСМ, кандидатите навремено ќе бидат известени за начинот на спроведување на тековните активности.

Јавното здравје е наша заедничка одговорност и секој од нас може да придонесе за спречување на ширење на вирусот со одговорно почитување на сите мерки и препораки.  

Консултативни средби со цел изработка Стратегија на млади 2021-2025

Националниот младински совет на Македонија со голема чест ве информира дека започнува со изработка на Стратегија за млади на град Скопје за период 2021-2025 година, со поддршка на  Град Скопје.

За таа цел, во следниот период сакаме да спроведеме консултации со членките како и со други организации и субјекти кои функционираат на ниво на град Скопје а кои работат со младите.

Ги покануваме сите заинтересирани лица да го дадат својот придонес и да се вклучат во една од работните групи. Сè што треба да направите е да се пријавите на еден од следниве линкови:

1. Консултативнa средбa со младински организации, организации за млади, политички подмладоци и други здруженија на граѓани – https://forms.gle/gGeqBi2LY5wvSi2h9

2. Консултативни средби со претставници на Општините на град Скопје – https://forms.gle/jPE7u5YA48bAkUjr9

3. Фокус групи со индивидуални млади – https://forms.gle/CeWikXbqFq2c9XzN7

📆Пријавувањето е отворено најдоцна до 24.11.2020 до 15.00 часот.

Европска недела на тестирање за ХИВ: За ХИВ денес, важно е само навреме да се открие

Од 20 до 27 ноември, под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“, се одржува Европската недела на тестирање за ХИВ, кон која веќе седма година по ред се приклучува и здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, заедно со неколку стотини организации од 53 европски земји, со цел да се зголемат пристапот и свесноста за важноста од тестирањето за ХИВ. На тој начин, информациите за превенција на ХИВ стануваат подостапни, повеќе луѓе можат да го дознаат својот ХИВ-статус и да добијат терапија, грижа и поддршка.

Во фокусот на годинешната кампања е еден малку познат факт за ХИВ кај нас: Н = Н, недетектабилно е еднакво на непреносливо. Тоа значи дека луѓето кои живеат со ХИВ и редовно примаат терапија, имаат недетектабилно ниво на вирусот во крвта. Односно, дека вирусот во крвта се намалил до степен што не може да се детектира, со што целосно се спречува преносот на ХИВ по сексуален пат, дури и кога не се користи заштита (кондом). Така, самата терапија за ХИВ, всушност, претставува еден од најефективните начини на превенција на ХИВ.

Со цел да го направиме тестирањето за ХИВ кај нас подостапно и да ги охрабриме граѓаните да го дознаат својот ХИВ-статус, во рамките на годинешната Европска недела на тестирање за ХИВ, Младинскиот центар на ХЕРА „Сакам да знам” на Водно ќе обезбедува бесплатно и доверливо тестирање и советување за ХИВ со брзи тестови, секој работен ден од 16.30 до 20.30 часот и за време на викендот од 11.00 до 15.00 часот. Заподетални информации и за закажување, можат да се јават на телефонскиот број 02/3176 950.

Тестирањата и советувањата за ХИВ се одвиваат согласно интерниот протокол на ХЕРА за закажување, прием и нудење на услуги на клиенти за време на здравствена криза со Ковид-19, при што се обезбедува заштитна опрема и за корисниците на услугите. Денес, се проценува дека од вкупниот број на луѓе кои живеат со ХИВ во државата, секој трет не е свесен дека е ХИВ-позитивен. Токму затоа, и покрај пандемијата со ковид-19, ХЕРА, заедно со партнерските здруженија, продолжува непрекинато да ги нуди основните услуги за превенција на ХИВ на прилагоден начин, бидејќи навременото откривање на ХИВ значи навремен пристап до терапија за ХИВ која е бесплатна и достапна кај нас и која им овозможува на луѓето со ХИВ да живеат долго, квалитетно и да имаат речиси изедначен животен век со луѓето кои немаат ХИВ.

За граѓаните е достапна и мобилната андроид апликација Направи ХИВ тест, преку која може да добијат информации поврзани со ризикот од пренос и заштитата од ХИВ, како и да ги дознаат сите локации низ земјата каде што може да се направи бесплатно и доверливо тестирање и советување за ХИВ. Апликацијата може бесплатно да се преземе на Google Play.

Годинешната кампања по повод Европската недела за тестирање за ХИВ се реализира со поддршка од ViiV Healthcare и СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот.

Промоција на онлајн курс за младински работници и борд игра – завршен настан

Сојуз за младинска работа заедно со Балкан Идеа Нови Сад Ве поканува на завршниот настан на проектот DEEP-Diversity Educational E-resource Project во кој се креираа две многу интересни алатки, оналјн курс за младински работници и борд игра.
Целта на проектот е да ги зголеми пристап до интеркултурно учење коешто ќе ги усоврши младинските работници според нивните потреби. Овој проект ја адресира постоечката бариера помеѓу нивоата на развивање и квалитетот на младинската работа и овозможува меѓупартнерска соработка. На тој начин младинските работници од Западен Балкан работат заедно, споделуваат искуства и имаат меѓусебна поддршка за заедничко подорбување и развој на компетенциите на младинска работа дефинирани според ETS Competence Model.
На настанот ќе земат збор говорници кои беа дел од експертскиот тим во креирање на двете активности Culutre beats – борд играта достапна за млади и младински работници и онлајн курсот насловен DEEP-Intercutural Learning for Youth Workers.
Агенда ⬇️
12:00-12:05- Воведен збор на претседателот на Сојуз за младинска работа, Илија Станковски
12:05-12:10 – Воведен збор на директорот на Локалната регионална канцеларија за млади во Скопје, Алберт Хани
12:10-12:25- Претставување на онлајн курсот за младински работници од страна на експертот Драган Атанасов
12:25-12:40 – Претставување на борд играта од страна на експертот Иван Чолич
12:40-13:10 – Играње на Culture Beats
13:10-13:30 – Прашања и дискусија

Овој проект е реализиран со поддршката на Регионалната канцеларија за млади (РИКО) и United Nations Peacebuilding Fund (UNPBF). Неговата содржина е на целосна одговорност на Сојузот за младинска работа и неговите партнери и не ги претставува неопходно ставовите на РИКО и/или UNPBF.

Вебинар “Социјална комуникација и аутистичен спектар на нарушувања”

Здружението за дислексија Ајнштајн со задоволство ве поканува на вебинарот “Социјална комуникација и аутистичен спектар на нарушувања” кој ќе се одржи на 5-ти декември (сабота) со почеток во 10 часот преку платформата ZOOM.
На вебинарот ќе имате можност да се стекнете со нови знаења, методи и алатки со кои ќе можете да им помогнете на децата со нарушување во социјалната комуникација и аутистичен спектар на нарушувања, преку предавањето на една од нај истакнатите практичари во нашата држава од областа на логопедијата д-р. сци. Силвана Филипова Директорка на Заводот за рехабилитација на слух говор и глас .
На вебинарот ќе бидат обработени следните области:
• Нарушување во социјалната комуникација
• Начини на стимулирање на социјалната комуникација
• Воведување на социјални приказни кај децата со нарушување во социјалната комуникација
• Аутистичен спектар на нарушувања
Вебинарот ќе биде во времетраење од 4 часа со една пазуа.
Сите учесници на вебинарот ќе добијат дигитален сертификат .
Како да се пријавите?
Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да регистрирате на следниов линк , по пополнувањето на пријавата за најдоцна 24 часа на вашата e-mail адреса ќе ви пристигне потврда за учество со сите детали околу вебинарот и начинот на уплата.
Котизацијата за учество на вебинарот изнесува 599 денари, за сите активни членови во Здружението Ајнштајн котизацијата изнесува 479 денари.
Уплатата на котизацијата се извршува во банка или преку електронско банкарство, исто така уплатата може да ја извршите и преку фактура.
За следење на вебинарот ќе ви биде потребна стабилна интернет врска, компјутер/лаптоп или паметен телефон, микрофон и по можност камера.
 За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање во секое кое време на 078 296 885
Со почит
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН
 

VACANCY ANNOUNCEMENT: American Corner

Position: American Corner Programming and Activities Specialist

Location: American Corner Skopje

Opening date: November 18, 2020 Closing date: December 2, 2020 Start Date: December 16, 2020
The American Corner in Skopje is seeking a reliable, responsible individual with strong communication and program design skills to fill the full-time position of American Corner Skopje Programming and Activities Specialist.
Summary: The American Corners North Macedonia provide information about the United States and encourage dialogue and cooperation between the people of the United States and of the Republic of North Macedonia through learning and professional development opportunities, cultural exchange activities, and the sharing of information resources. The American Corners serve as venues for speeches, discussions, film or video showings, holiday celebrations, English language conversation groups, meetings of people who have studied or traveled in the United States, programs for professional and educational development in an American-style learning environment, and other events as scheduled. The American Corners are supported by the U.S. Department of State and administered through the Public Affairs Section of the U.S. Embassy in Skopje. The Corners also provide access to a collection of books, audio-visual materials, periodicals, online resources, and other information about the United States in English. American Corner personnel assist visitors, design and implement programs to enhance mutual understanding between the United States and North Macedonia, and maintain and safeguard materials, equipment and the premises.

Responsibilities:

Programming
• Create, design, and organize programs and events for American Corner Skopje in cooperation with the other American Corner staff and the U.S. Embassy, with particular emphasis on programs involving science and technology, young people, education, English language learning, and other programs with relevance to U.S. foreign policy goals. This includes planning outreach activities to reach relevant local audiences.
• Prepare venues, promotional material, handouts, logistics, social media content, etc., for programs and events.
• Establish and maintain ties with other American Corners, English language libraries, universities, cultural centers, and similar institutions, and identifying new potential partners around Macedonia.
• Perform other duties and conduct special projects as assigned.
• Serve as a TOEFL and GRE test administrator. Note: TOEFL and GRE test administrator training will be provided.

Communications
• Create and design digital promotional products – posters, flyers and virtual content for the American Corner Skopje social media pages and the official website
• Ensure timely and effective communication with American Corner Skopje members through answering different email inquires
• Provide detailed information on the work and content of programs to interested ACS members and visitors at the Corner
Qualifications:
• Innovative approach to program design adapted to the ACNM annual programming plan and strategy
• Relevant marketing and social media experience is preferred. Relevant experience may include a demonstrated ability to use basic graphic design software, webpage design software, or other technical computer skills for advertising and event organizing. Experience managing content for organizational or business social media accounts is a plus.
• Enthusiastic interest in organizing and publicizing events for young adults is required. Experience planning events and conducting outreach to audiences is preferred.
• A demonstrated ability to build a network of contacts and volunteers across a wide range of fields and demographic groups and then incorporate those contacts into an organization’s activities.
• Competency and experience facilitating and participating in group activities. Must be able to work with people from diverse backgrounds, including youth, adults, elderly and individuals with disabilities.
• Ability to prepare and update written reports and correspondence.
• Excellent demonstrated customer service skills and ability to communicate effectively, clearly, and appropriately with colleagues, external stakeholders, potential visitors, and the general public orally and in writing.
• Knowledge of the history, values, society, culture, and education of the United States of America.
• Ability to communicate effectively orally and in writing in both English and Macedonian. Effective communication in Albanian language is preferred but not required.
• University degree is required.
• Excellent advanced computer skills, including excellent ability to use Microsoft Windows and Microsoft Office.

WORKING HOURS: Full time (approximately 40-hours per week, schedule may vary) position on a yearly renewal. Net monthly salary: 600$. Probation period: 3 months.
Starting date: December 16, 2020
To Apply: Interested candidates for this position should submit a CV or resume and cover letter to acmvacancies@state.gov with an email subject line reading “ACS Programming and Activities Specialist” Only selected candidates will be contacted for an interview.

Дигитален настан за поврзување

Мартин од Младински сојуз најавува супер можност! Сакаш да се поврзеш со други млади луѓе од 8 земји кои работат на темата социјално претприемништво? 

Пријави се за настан за поврзување и заедничко работење на овој линк!
За учесници од Северна Македонија има отворени 3 места!
#ssen #бидигласанеехо

ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАЦИОНАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Согласно член 61 и 64 од Статутот на Националниот младински совет на Македонија, Управниот одбор на Националиот младински совет на Македонија донесе одлука за распишување на:

ОГЛАС

ЗА ИЗБОР НА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАЦИОНАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Главни задачи на позицијата Генерален секретар:

  • Раководење со Секретаријатот на НМСМ;
  • Претставување и застапување на НМСМ;
  • Спроведување на политиките на НМСМ во насока на остварување на мисијата и визијата на НМСМ.

Задачи и одговорности на Генералниот секретар:

  1. Го претставува и го застапува НМСМ во правниот промет и кон трети лица;
  2. Раководи со средствата на НМСМ согласно на можностите и потребите и во согласност со позитивните законски прописи и со внатрешните правилници и регулативи на НМСМ;
  3. Ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките донесени од Управниот одбор или Собранието;
  4. Соработува со членовите на Управниот одбор за прашања во врска со реализацијата на програмата, одлуките и останатите акти на органите на НМСМ и други прашања од областа на тековното работење на НМСМ;
  5. Ги определува работните тимови кои ќе ги подготвуваат и спроведуваат проектите и програмите на НМСМ и го следи нивното спроведување;
  6. Ја предлага организациската структура на извршната канцеларија/Секретаријатот до Управниот одбор.
  7. Координација на процесите на застапување;
  8. Ја одредува и спроведува политиката за човечки ресурси на извршната канцеларија, како и политиката на мотивација и санкционирање;
  9. Одговорен е за изготвување и поднесување на годишниот програмски извештај до управниот одбор на НМСМ.
  10. Одговорен е за поднесување на финансискиот извештај до управниот одбор на НМСМ, кој го подготвува финасискиот менаџер во НМСМ;
  11. Го координира процесот на прибирање на финансиски средства за НМСМ;
  12. Раководи со процесот на изработка на стратешки, годишен и акциони планови на организацијата во соработка со Управниот одбор;
  13. Одговорен е за спроведување на Стратешкиот план и Годишната програма на НМСМ;
  14. Го координира изготвувањето на проектните, програмските буџети и единствениот организациски буџет, финансиските извештаи до донаторите;
  15. Ги одобрува пресметките за исплата на плати на вработените и води сметка за навремено исполнување на сите законски обврски поврзани со административно финансиското работење;
  16. Го раководи институционалниот развој и јакнењето на капацитетите на персоналот на НМСМ во соработка со Управниот одбор;
  17. Ја координира работата на Координаторите и останатите членови на Секретарјатот;
  18. При вработувања во НМСМ, дава предлог за кандидат до Управниот одбор на НМСМ;
  19. Во договор со Управниот одбор извршува и други задачи и превзема одговорности кои се во рамки на позицијата и предвидени со Статутот и правилниците на НМСМ.

Квалификации:

  • Минимум 3 години соодветно работно искуство во граѓански сектор и/или во раководење на проектен циклус (неопходно)
  • Високо образование ќе се смета за предност (пожелно)
  • Работно искуство на раководна позиција ќе се смета за предност (пожелно)

Специфични знаeња и искуства поврзани со соодветната позиција:

  • Финансиско раководење;
  • Менаџмент на човечки ресурси;
  • Програмски и проектен менаџмент на долгорочни проекти финансисирани од меѓународни донатори;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Познавање на албански јазик (пожелно);
  • Искуство во мрежни типови на организации (пожелно);
  • Познавање на организациски менаџмент и институционален развој.

Лични карактеристики и вештини:

  • Лидерски вештини;
  • Професионалност и посветеност;
  • Комуникациски вештини;
  • Работа со куси временски рокови;
  • Транспарентност;
  • Тимска работа;
  • Лојалност кон организацијата и нејзините цели;
  • Презентирачки вештини;
  • Преговарачки вештини;
  • Посветеност кон вклучување на целните групи.

Услови за работа:

Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно, со 3 месеци пробен период), повремена работа за викенди и вклучува патување.

Мандатот на Генералниот секретар е 3 години со можност за реизбор.

Платен годишен одмор од 24 дена

Дополнително приватно здравствено осигурување

Износ на плата: почетна нето плата од 43 680 денари, со можност за покачување во зависност од искуството и перформансот на работење.

Рок и начин на пријавување:
Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следниве документи:
Кратка биографија;
Мотивациско писмо;
Најмалку две препораки од претходни работодавачи/лица коишто се запознаени со работата на апликантот;

Сите кандидатури треба да пристигнат по електронска пошта на следната адреса: applications@nms.org.mk со назнака: Пријава за Генерален секретар на НМСМ.

Рокот за поднесување на сите кандидатури е 01.12.2020г, 23:59 часот.

Начин на селекција:

Процесот на селекција се состои од неколку фази. Во првата фаза кандидатите кои ќе бидат пред-селектирани, ќе бидат поканети на интервју со Управниот одбор на НМСМ. Во вториот круг на селекција, избраните кандидати ќе добијат тест задачи кои се однесуваат на планираното работење согласно одговорностите на позицијата.
Се очекува селектираното лице да започне со работа веднаш по донесената одлука на Управниот одбор на НМСМ, но не подоцна од 01.01.2021г.

Само пред-селектираните кандитати ќе бидат известени за резултатите.

Обука за ИТ безбедност

Дали ги знаете основите на ИТ безбедност? Што се комуникациски мрежи, мрежни уреди и комуникациски протоколи? Дали знаете да ги заштитите вашите лични податоци на интернет?
 
Аплицирајте за обуката IT безбедност на линкот: https://forms.gle/GEf5j545atTVyyqAA
 

За да обезбедите место на оваа обука, потребно е како дел од општокорисна работа да одберете помеѓу чистење на некој јавен простор во вашата општина или да споделите совети за безбедност на интернет на Facebook и/или Instagram. Во објавата ќе треба да нѐ означите MladiHub.