Повик за нови членки на СМР

Со одлука на Управниот одбор, СМР распишува повик за приклучување на нови организации кон Сојузот за младинска работа. Пријавите треба да се испратат на електронската адреса на Сојузот за младинска работа: [email protected] најдоцна до 27.11.2020.

Симнете го повикот за нови членки тука

 

ТЕКСТ

Натпревар за студенти: Предизвик за ковид-19

Британскиот совет повикува млади и талентирани студенти на додипломски и постдипломски студии да предложат практични политики за решавање на предизвиците што ги носи пандемијата ковид-19.

Освен можноста да решаваат некој од најгорливите проблеми со кои денес се соочува светот, натпреварот ќе даде можности за вмрежување со успешни студенти од различни научни дисциплини и за освојување онлајн курс на универзитет во Обединето Кралство. 

Што претставува натпреварот за студенти Предизвик за ковид-19?

Ова е студентски натпревар посветен на креирање практични политики кои имаат за цел да ги решат најгорливите предизвици на денешницата. На натпреварот учесниците се поканети да достават кратки предлог решенија согласно насоките дадени подолу до 8 декември 2020 година. Пет првопласирани поединци или тимови ќе се пласираат во онлајн финале, каде ќе имаат 3 минути да ги изнесат своите идеи пред панел составен од креатори на политики, лидери на невладини организации и претставници на донатори. Онлајн настанот ќе се одржи во втората половина на јануари 2021 година.

 

Зошто студентите треба да учествуваат на овој натпревар?

Предностите од учеството на овој натпревар вклучуваат:

  • можност за учество на онлајн курс на универзитет во Обединето Кралство. Прворангираните ќе добијат ваучер од 1.500 фунти,  додека второрангираните ќе добијат ваучер од 1.000 фунти за онлајн курс на универзитет во Обединето Кралство
  • предлог решенијата ќе бидат објавени во онлајн збирка на Британскиот совет со сите предлози за политики на финалистите
  • вмрежување со други студенти од различни академски области
  • развој на вештини за критичко размислување, решавање проблеми и комуникација.

Кои се предизвиците на кои треба да се одговори?

Во контекстот на овој натпревар, „предизвици“ се  тематски области за кои учесниците треба да изберат специфичен проблем на локално или национално ниво, или на универзитети и болници, и да се обидат да го решат преку нивните предлози за политика. Предизвиците за овој натпревар се: 

Предизвик #1: Како да одговорите на пандемијата со Ковид-19 и да се закрепне од неа со зајакнување на социјалната правда и заштита на најранливите?

Пандемијата нема исто влијание врз маргинализираното и загрозено население. Доказите ширум светот ја покажуваат загрижувачката здравствена, психолошка, социјална и економска состојба на луѓето од малцинските заедници, вклучително и Роми; постари луѓе; малолетни лица; мигранти и бегалци; затвореници; лица со попреченост; жени; сексуални работници; корисници на дрога; оние кои живеат во сиромаштија, работат во неформална економија или немаат стабилно домување и други.

Кои се начините да им се помогне на ранливите групи? Како може да се згрижат луѓето кои се борат да се грижат за себе или имаат ограничен или никаков пристап до помош? Кои мерки можат да се воведат за да се заштитат работниците во неформалната економија? Како можеме да осигуриме дека сите деца имаат пристап до учење преку Интернет? Како можеме да осигураме семејствата со ниски примања со деца да имаат стабилен приход? Како можеме да обезбедиме непречен пристап до здравствена заштита за пациенти кои не се со ковид-19? Како може да се обезбеди потребната психосоцијална поддршка за оние на кои им е потребна?

Предизвик #2: Како да одговорите на пандемијата со Ковид-19 и да се закрепне од неа на начин што помага да се изгради изгради отпорност кон климатските промени?

Истовремено со пандемијата, се соочуваме со невидени глобални предизвици околу климатските промени, што може да се види преку порастот на температурите, намалувањето на ледените слоеви, затоплувањето на океаните и екстремните временски услови.

Како влијае пандемијата врз климатските промени и обратно? Кој е најдобриот начин да се реши проблемот што огромен број хируршки маски и друга медицинска опрема завршува во депонија? Како можеме да ја закрепнеме македонската економија од пандемијата на начин да стане позелена, почиста, поздрава и поотпорна? Како можеме да ги зајакнеме нашите капацитети за ублажување и прилагодување за да бидеме подобро подготвени да одговориме на предизвиците за климатските промени? Дали постојат мерки што можат да се наметнат на деловните субјекти, јавните институции и приватните домаќинства за да се спаси нашата животна средина?

Кој може да се пријави на натпреварот? 

Сите студенти може да се пријават кои во моментов се запишани на додипломски или магистерски студии на сите универзитети во Македонија (државни и приватни). Студентите мора да бидат на возраст меѓу 18 и 30 години на денот кога истекува рокот за пријавување (8 декември 2020 година).

Дали овој натпревар е за поединци или тимови?

Натпреварот е отворен и за поединци и за тимови до 3 члена. Особено охрабруваме да се пријават тимови кои вклучуваат студенти од различни факултети.  Подеднакво ќе бидат третирани и поединечните пријави и тимските пријави, како и пријавите од еден факултет и пријавите на тимови од различни факултети и академски области (кои ги охрабруваме).

Каков е начинот на пријавување?

Проучете ги внимателно деталните упатства за nатпревар, како и формулар за пријавување, и испратете ги заедно со основните информации за членовите на вашиот тим, до 8 декември на [email protected]

Кои се најважни датуми во овој процес?

1. Пратете пријава до 8 декември 2020 година.
2. Ќе одбереме пет најинспиративни предлози до 10 јануари 2021 година. 
3. Подготовки за големо финале во јануари 2021 година.
4. Финалистите ќе ги претстават нивните идеи преку триминутни презентации пред жири комисија на онлајн настан во јануари 2021 година.

Во февруари 2021 година ќе објавиме онлајн збирка со предлозите за практични политики на сите финалисти.

    Натпреварот за студенти: Предизвик за ковид-19 е дел од „Програмата за унапредување на улогата на науката во општеството“, финансирана и спроведена од Британскиот совет.

    Преземања: 

    Application form

    Instructions 

    Начин на барање работа во тек на криза

    Како всушност да бараш и најдеш работа?
    Како тоа да го направиш за време на криза?
    Кои се начините и методите?
    Да чекаш и следиш огласи или можеш да си проактивен?
    Постојат начини кои ќе те стават во предност пред другите.
    Ако сакаш да ги дознаеш, дојди на бесплатниот вебинар.
    Овој вебинар се одржува во рамки на проектот „Зајакнување на млади преку нови можности“ на СОС Детско Село.
    За предавачот:
    д-р Лазар Ѓуров е основач и претседател на СИМБИОТИКА. Тој е армиски офицер, универзитетски професор, обучувач, мотивациски говорник и консултант, и има 11 годишно искуство во реализација на обуки, курсеви, мотивациски настани, семинари и сл. во следните области: лидерство, претприемништво, менаџмент, комуникации итн.

    Повик за експерт за климатска дипломатија

    Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин Скопје, во рамки на проектот Млади амбасадори за климатски промени“ објавува повик за ангажирање експерт за климатска дипломатија кој ќе се јави како автор на прирачник, ќе одржи обука за климатска дипломатија и ќе дејствува како ментор на младите амбасадори за климатски промени. 

    Краток опис на проектот: 

    Проектот има за цел да ги едуцира младите за климатска дипломатија, да креираат младински барања за климатски промени и да ја развие свеста во земјата за важноста од амбициозни цели за 26-тата конференција за климатски промени на ООН (COP26). Преку обуката за климатска дипломатија, кампањата за климатските промени, како и симулацијата на Конференцијата, младите луѓе како и пошироката јавност ќе се запознаат со преговарачките процеси за климатски промени, начинот на доставување младински барања, важноста од националните придонеси и Конференцијата за климатски промени на ООН што ќе се одржи во ноември 2021 во Глазгов, Шкотска.

    Опис и обем на работните задачи на експертот: 

    1.Изработка на Прирачник за климатска дипломатија на македонски јазик, со рок до 31/11/2020;

    Прирачникот треба да се состои од 2 дела: во првиот дел треба да се објаснат климатските промени, нивните последици и одржливот развој, а во вториот дел треба да го обработи процесниот, формалниот дел за тоа како се одвива самата Конференција за климатски промени на ООН (COP). Прирачникот ќе биде употребен за онлајн обука за климатска дипломатија како и за симулација на конференцијата. Прирачникот треба да биде прилагоден за младите (youth friendly).

    2. Обучувач на онлајн обуката за Климатска дипломатија (1 ипол ден во втора половина на ноември). 

    Курсот е наменет за 20 млади од државата, кои подоцна ќе бидат дел од Симулацијата на Конференцијата на ООН за климатски промени (COP). Курсот ќе биде во времетраење од 3 дена во текот на декември 2020.

    3. Подготoвка на фасилитаторите за климатска дипломатија (2 дена во февруари). 

    Да направи обука на 4 фасилитатори кои ќе ја реализираат Симулацијата на Конференцијата на ООН за климатски промени (COP).

    4. Да изготви извештај за сработеното на англиски јазик. 

     Временска рамка и финансиски надомест: 

    Експертот кој ќе биде избран по пријавување на овој повик, ќе биде ангажиран во времетраеење од 4 месеци. Финансискиот надомест ќе биде 48 270 мкд, бруто. 

     Потребни квалификации 

    Kандидатот треба да ги исполнува следните услови:

    • да има завршено високо образование;
    • искуство во работа и следење на политики за климатски промени на домашно и меѓународно ниво  
    • искуство во пишување трудови од областа на климатските промени, одржлив развој и  Конференцијата за климатски промени на ООН (COP);
    • искуство и работа со млади и неформално образование, обучувач и тренер (пожелно)

     Евалуација на кандидатите

    Кандидатите ќе бидат оценувани врз основа на следните критериуми:

    1. Претходно искуство во спроведувањето на слични активности – 60 бодови,
    2. Предложена Методологија за работа – 30 бодови,
    3. Предложена цена за ангажманот 10 бодови (пониските износи добиваат повисок број на бодови).

    Вкупно 100 бодови.

    Потребна документација 

    Понудата треба да го содржи следново:

    • Кратка биографија (CV),
    • Методологија за работа,
    • Финансиска понуда.

    Рок за пријавување 

    Рокот за пријавување е најдоцна до 10ти ноември 2020 до 16 часот на следната емаил адреса: [email protected],на истата може да поставите и дополнителни прашања со назнака Апликација за Експерт за изработка на Прирачник. 

    Проектот е финансиран од Британска Амбасада во Скопје. 

    Чекор кон кариерата од твоите соништа

    Ве покануваме да се приклучите во јавната дискусија – Чекор кон кариерата од твоите соништа, дел од истоимениот проект на Младите можат. На настанот ќе имате можност да слушнете за состојбата со политиките за кариерен развој на младите луѓе на национално ниво и чекори кои треба да се преземат, за клучните елементи за да имаме млади кои се свесни за својот потенцијал, инвестираат во себе и јасно чекорат кон кариерата од нивните соништа.

    На јавната дискусија како говорници ќе учествуваат:
    • Горазд Смилевски – консултант во областа на кариерен развој и генерален менаџер на Бизнис Академија Смилевски
    • Александра Филипова – координатор за членство во Национален младински совет на Македонија
    • Никица Манџуковски – студент, учесник на програма за кариерен развој на Младите мож

    Линк за пријавување за настанот: http://bit.ly/karieraodsonishtata

    „Чекор кон кариерата од твоите соништа“ е проект реализиран од Младите можат, поддржан од WEB4Yes, Европската Унија и НМСМ, во периодот од октомври 2019 до октомври 2020 во партнерство со студентската организација ИАЕСТЕ Македонија. Јавната дискусија е последниот настан од низата имплементирани активности која ќе го заокружи целиот проект кој имаше за цел да ја зголеми вработливоста на младите во нашата држава. Младите можат е здружение на граѓани, формирано од млади за млади во 2009 година во Скопје. Постоиме 11 години и броиме 65 активни членови и над 1000 млади луѓе кои биле дел од нашите активности, кои секојдневно придонесуваат во работата на организацијата. Ќе ни биде особено задоволство доколку присуствувате на настанот и придонесете во дискусијата.