Јавен повик за национални волонтерски награди 2020

Младински културен центар – Битола по повод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерите, од 2006 година востанови Национални волонтерски награди. По 15-ти пат, го упатуваме овој ЈАВЕН ПОВИК до сите граѓански здруженија, фондации, неформални групи, локални самоуправи, јавни институции, државни органи и други организатори на волонтерска работа да предложат волонтери/ волонтерски иницијативи/ волонтерски програми за:

ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО ВО 2020 ГОДИНА

Предложените волонтери/ волонтерски иницијативи/ волонтерски програми треба да ги исполнуваат следните услови:

– Иницијативите/ програмите да се реализирани во Република Северна Македонија
– Предложените волонтери да се граѓани на Република Северна Македонија
– Да имаат значителни достигнувања и резултати во волонтерскиот ангажман и во промоција на волонтерската работа во текот на 2020 година.

Краен рок за доставување на предлозите е петок 27 ноември 2020 година до 16.00 часот

Повик за учество во проект: „Поддржани услуги за вработување во Македонија – Урбан Дигитал Хаб“ – Ноември, 2020

Здружението ИРЗ Тетово, во рамките на своите програмски активности на проектот ,,Поддржани услуги за вработување во Македонија – Урбан Дигитал Хаб” нуди поддршка на најмалку 5 граѓански организации и/или активистички јадра кои даваат социјални услуги и работат на социјална вклученост.

Поддршката се состои во продукција на аудио-видео запис и уредување/монтажа соодветно на потребите за промоција и документирање на активностите на граѓанската организација или активистички јадра, со што ќе се обезбеди видливост на нивните активности во заедницата.

Материјалите кои што ќе бидат продуцирани ќе бидат емитувани на социјалните мрежи на месечна основа во период од 01.01.2021 до 30.09.2021.

Вашите пријави за учество ги очекуваме на следна адреса: [email protected]
проследено со краток опис на активностите. Повикот е отворен до пополнување на предвидениот број за поддршка.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ве молиме да контактирате со Елена Серафимовска – Стојчевски на следниот телефонски број: 078-595-747 или горенаведената е-маил адреса.

Наука во РСМ – моментална состојба, проблеми, предизвици и развој

По повод Светскиот ден на науката на 10 Ноември Универзитетското Студентско Собрание на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје на 11 ноември (среда) од 10:00 часот организира онлајн панел дискусија за развојот на научната дејност во Република Северна Македонија. На оваа панел дискусија, поканетите говорници ќе дадат свое видување на актуелната состојба на научно-истражувачката дејност во државата, проблемите, предизвиците и политиките за нејзин развој кои треба да се преземат во иднина.

Учество на дискусијата ќе земат:
– Ангела Најдоска, потпретседател за наука при УСС-УКИМ;
– Мила Царовска, Министерка за образование и наука;
– проф. д-р Кирил Сотировски, претставник на УКИМ на оваа дискусија и Декан на Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“;
Модератор на дискусијата ќе биде Борјан Ефтимов, претседател на УСС-УКИМ.
На дискусијата, покрај говорниците, сите присутни студенти ќе имаат можност да постават прашање и да се јават за коментар. За учество во дискусијата со прашање или коментар, можете да се пријавите на следниот линк:
https://forms.gle/HQ8SjQJtQrKN1fps5
Оваа панел дискусија има за цел да се увидат состојбата, местото и иднината на научната дејност во Република Северна Македонија. Истовремено како една од заложбите на УСС – УКИМ за зајакнување на научната дејност на универзитетите и надвор од нив, веруваме дека дискусии од ваков карактер ќе ни дадат платформа за презентирање на идеи за промоција на науката, ревидирање на состојбите на лабораториите и истражувачките центри со намера за нивно возобновување, реновирање, опремување, зголемувањето на финансиите за наука како и спроведување поголеми истражувачки проекти за академскиот кадар во кој свое учество ќе земат и студентите како дел од академската заедница.
Поради состојбата со COVID-19 панел дискусијата ќе се одржи преку ZOOM платформата. Настанот можете да го проследите преку следниов линк:
https://us02web.zoom.us/j/82167046795

Fake news – Covid 19

Во време на светска пандемија, судрени со предизвикот на новото секојдневие, дигиталниот свет зема уште поголем замав од порано. Животот добива online форма, а информациите кои ги добиваме преку порталите сериозно влијаат на однесувањето на луѓето. Во фаза на една масовна електронска доминација, лажните вести се шират со спринтерска брзина и станува се потешко истите да се таргетираат и избегнат. “Fake news” станува предизвик на новото време, а борбата со истите е клучна за одговорното однесување на луѓето како чекор до справување со вирусот.
 
Елса Северна Македонија на ден 13.11.2020 (петок) со почеток од 17:00 часот на платформата Zoom организира конференција на тема “Fake news во време на корона кризата”.
Говорници на истата ќе бидат:
Сеад Џигал – Предавач на Меѓународен Балкански Универзитет на Факултет за комуникации.
Росана Алексовска – Ф2Н2
Катерина Синадиновска – Совет за етика во медиуми
Котизацијата за учество на конференцијата изнесува 100 денари за членови и 180 денари за надворешни учесници. Бројот на сметката ќе биде дополнитено пратен на секој од вас што ќе пријави учество на [email protected]
Бидејќи бројот на учесници е ограничен, побрзајте и пријавете го вашето учество. За учесниците следуваат сертификати за учество.
Пријавувањето трае до 12.11.2020

,,Младинска квир училница 2020” – Продолжен повик

ЛГБТИ Центарот за поддршка го продолжува повикот за пријавување на „Младинската Квир Училница 2020“ која ќе се оддржи во периодот од 15 до 20 ноември. Поради рестрикциите во однос на превентивните мерки за заштита од Ковид-19 оваа година работилницата ќе се одржува онлајн на платформата ZOOM.

На „Младинска Квир Училница 2020” ќе можат да се пријават млади на возраст од 18 до 30 години. Целта на училницата е да ги зголеми знаењата на младите во областа на човековите права, застапувањето и активното граѓанство, а со фокус на ЛГБТИ правата, глобалното и националното ЛГБТИ движење, делувањето во насока на унапредување на правата на ЛГБТИ движењето на локално ниво, како и изготвување планови и стратегии за застапување. Покрај наставните содржини, младите ќе имаат можност да учат преку разни вежби и креативни активности, а во рамки на програмата ќе имаат можност да развијат и онлајн кампања. Предавачи на школата ќе бидат ЛГБТИ активисти и експерти во областа на човековите права, а тимот на ЛГБТИ Центарот за поддршка ќе биде задолжен за организирање и спроведување на целосната програма на училницата.

За учество во школата нема да е потребен каков било надомест од страна на учесниците.

Ги охрабруваме младите лица на возраст од 18 до 30 години без оглед на нивната сексуална ориентација, родов идентитет, етничка припадност и националност, верско уверување, попреченост или било која друга основа да се пријават на овој повик.

Повикот ќе биде отворен за пријавување до 10.11.2019 година, а за пријавата е потребно да се достави:

1.Формулар за Апликација (симни подолу)

2.Кратка биографија

Потребните документи или прашања испратете ги на е-маил: [email protected], со наслов (Subject) „Младинска Квир Училница 2020“. 

Младинската Квир Училница 2020 е поддржана од страна на Фондацијата Хајнрих Бол преку проектот „Кршење на тишината“ и Министерството за надворешни работи на Холандија преку преку проектот „Млади артивисти за промена.“

Документи

 

Local Peacebuilding Workshops for Youth from Kosovo*, North Macedonia and Serbia

WESTERN BALKANS – After they successfully completed the Training of Trainers, and to utilize their newly gained skills and knowledge, expand the ypeer network among their groups and promote best innovative ideas of peacebuilding, the Western Balkan youth are organizing local workshops in Kosovo, North Macedonia and Serbia. The workshops are organized with the support of RYCO and UNFPA within the joint UN-RYCO project supported by the United Nations Peacebuilding Fund.

1. Local Workshop in Kosovo
  • Name of the workshop: “Kosovo Local Workshops on Peacebuilding and Reconciliation”
  • Date: 1st workshop 13 – 15 November; 2nd workshop 16 – 18 November; 3rd workshop 20 – 22 November 
  • Location: Online-via zoom
  • Link of the call: CLICK HERE
  • Deadline: 9 November 2020 
2. Local Workshop in North Macedonia 
  • Name of the workshop: “Youth and Action for Peace”
  • Dates: 1st Workshop 13 – 15 November; 2nd Workshop 27 – 29 November 
  • Location: Online-via zoom
  • Link of the call: CLICK HERE;
  • Deadline: 9 November 2020
2. Local Workshop in Serbia
  • Name of the workshop: “Learning About and with Conflicts”
  • Dates: 1st Workshop 13 – 14 November; 2nd Workshop 20 – 21 November; 28 – 29 November
  • Location: Online-via zoom.
  • Link of the call: CLICK HERE;
  • Deadline: 1st workshop –  10 November; 2nd workshop – 17 November; 3rd workshop – 25 November 2020

The local workshops are planned to be organized in Albania, Bosnia and Herzegovina and Montenegro, too. Additional information on these workshops will be published soon.

The workshops are undertaken in the framework of the “Supporting the Western Balkan’s Collective Leadership on Reconciliation” project that aims to empower young people in having their voice heard in public decision-making processes that affect their lives, as well as strengthen their role in building and maintaining safe and peaceful environments for themselves and their communities.

____________

*This designation is without prejudice to positions on status, and is in line with UNSCR 1244/1999 and the ICJ Opinion on the Kosovo declaration of independence.

Оглас за новинар за zdravjeizivot.mk

Потребни квалификации:

  •  Високо образование (предност имаат кандидатите што имаат завршено новинарски, комуниколошки, јазични студии);
  •  Способност за креативно изразување на македонски литературен јазик;
  •  Широк спектар на интереси и подготвеност за пишување на секакви теми, пр текстови и објави за социјални медиуми;
  •  Исполнителност, посветеност, иницијативност и одговорност.

Платата се одредува во зависност од искуството: 20.000 ден – 30.000 ден + Бонус!

Работно време од 8:30 до 16:30 – од понеделник до петок.

Сите кој сакаат да се пријават нека испратат CV на [email protected]

ТЕКСТ

МОН: Јавен повик – Развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата

Со цел промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на  почитување на разликите а притоа градејќи  едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент, Министерството за образование и наука објавува јавен повик за доделување на грантови за основните и средните училишта кои ќе реализираат, заеднички ученички активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката  интеграција и толеранцијата.

Активностите можат да се реализираат самостојно во училиште во кое наставата се реализира на повеќе наставни јазици или во партнерство со друго училиште.

Грантови во висина до 30.000,00 денари ке бидат доделени на 95 училишта (70 основни училишта и 25 средни училишта) кои ќе бидат селектирани со рангирање од Комисија за вреднување на апликации согласно одредените критериуми.

Јавниот повик трае до 03.12.2020 година.

Ги охрабруваме училиштата да аплицираат со проекти за заеднички активности меѓу учениците кои реализираат настава на различни наставни јазици на следниот линк.

https://www.surveymonkey.com/r/TPS8CSR

Примери на воннаставни активности кои може да се реализираат онлајн

Извор: Министерство за образование и наука

Обука за младински застапници – KIDSTAKEOVER 2020

Младински образовен форум (МОФ) во рамки на проектот „World Children’s Day 2020 Kids Take Over – Reimagine Education“, поддржан од УНИЦЕФ, отвора повик за 24 (дваесет и четири) учесници на викенд-обука за младинско учество и квалитет на образование за млади. Викенд-обуката за младински застапници ќе се одржи online на платформата ZOOM со почеток на 13-ти ноември (петок) и ќе трае до 15-ти ноември (недела).

Со знаењата и вештините стекнати на оваа обука, младинските застапници ќе имаат прилика да ги претставуваат младите и младинските гледишта и ставови на  владин состанок на високо ниво на кој ќе присуствува Претседател на Владата на Република Северна Македонија г. Зоран Заев, Министерката за образование и наука г-а Мила Царовска, Министерката за труд и социјална политика г-а Јагода Шахпаска и други министерства,  вклучувајќи го шефот на делегацијата на Европската унија и претставничката на УНИЦЕФ. Средбата ќе се одржи на на 20-ти ноември 2020 година (петок), по повод Светскиот ден на детето.

Дел од избраните теми на кои младинските претставници ќе разговараат со високите претставници оваа година се: Квалитетно образование, Намалување на разликите во пристапот до дигитално образование, Ментално здравје и булинг во образованието, Градење вештини наспроти паметење на факти, Еко-училишта, Еднаквост и инклузивно образование.

Програмата на тренингот е составена од куси теоретски предавања од областа на квалитетно образование и работа во групи со менторство од младинските тренери на МОФ. Учесниците ќе имаат прилика да научат и да дискутираат за мапирање на институциите кои работат со младински прашања, квалитетно учење и ментално здравје и врсничко насилство во училиштата, но и да изградат свои случаи кои ќе ги презентираат во Владата на Република Северна Македонија на 20-ти ноември 2020 година. Ученички права, квалитет на образование и аргументирано изразување се дел од темите на кои учесниците ќе изградат вештини и знаења.

Сите заинтересирани млади на возраст од 14 до 18 години може да се пријават најдоцна до 11-ти ноември (среда) на пладне со испраќање на порака на адресата [email protected] со назнака KIDSTAKEOVER 2020.

Пораката треба да ги содржи следните информации:

Име и презиме

Телефон за контакт

Електронска пошта

Град и училиште

Возраст

На самиот тренинг ќе имате прилика да работите во групи на препораки за подобрување на животот и квалитетот на образование на младите во Северна Македонија. Во не повеќе од 2 параграфи наведете според вас, кој е најголемиот проблем со кои младите се соочуваат во нивното образование и на кој начин сметате дека истиот може да се надмине?

Рокот за пријавување истекува во среда, 11-ти ноември 2020, на пладне (12:00 часот).