Повик за учесници за тренинг за борба против говор на омраза и спротивставување на наративите

Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) распишува повик за учесници за тренинг за борба против говор на омраза и спротивставување на наративите во рамките на проектот „Борба против говорот на омраза и криминалот од омраза“.

 Главна цел на проектот е да се создаде одговорно општество каде луѓето активно го осудуваат говорот на омраза и криминалот од омраза во која било форма и промовираат вредности на човековите права, толеранција и прифаќање меѓу различни групи.

 Специфични цели на проектот се:

  • Да се подигне свеста за темите говор на омраза и криминал од омраза и нејзините негативни ефекти во општеството;
  • Да се ангажираат младите и професорите за да учествуваат активно во борбата против говорот на омраза преку организирање на настани и активности во нивните заедници;
  • Да се создадат алатки, методи и пристапи за справување со говорот на омраза и криминал од омраза кај младите и професорите во нивните заедници;
  • Да се промовираат наративите засновани врз човековите права како и нивната важна улога во еманципаторните и трансформативните стратегии за младите луѓе, дури и повеќе за оние кои биле директни цели или агенти на говор на омраза;
  • Да им овозможат достапност на младинските работници, наставници и активисти до постојни алатки и пристапи за активно справување со говорот на омраза.

Активност: Тренинг за борба против говор на омраза и спротивставување на наративите 

Националниот тренинг ќе собере 20 млади со цел да се развијат нивните компетенции за нотирање на говор на омраза, особено на медиумските манифестации на говор на омраза. Главната цел на тренингот е развивање на медиумска писменост и стекнување на вештини за критичко размислување, анализирање и деконструирање на говорот на омраза и развивање на контра и алтернативни наративи како механизми за борба против говорот на омраза.

 Тренингот ќе се состои од 3 дела:

  1. Подготвителна онлајн фаза – во оваа фаза учесниците ќе имаат можност да се запознаат меѓу себе како и да се здобијат со општо знаење за темата говор на омраза
  2. 3-дневна обука – во оваа фаза преку различни активности, симулации, дискусии и вежби учесниците ќе имаат можност подетално да ја истражат темата и да започнат со планирање на своите локални активности.
  3. Последователна фаза – оваа фаза се содржи од низа активности што ќе ги спроведат самите учесниците кои ќе дејствуваат како мултипликатори во својата локална заедница

 Работен јазик: македонски и албански

Датум: 2-ри, 4-ти, 9-ти и 11-ти декември, со времетреаење од максимум 2 часа дневно.
Место: Онлајн (ZOOM платформа)

 Сите учесници ќе добијат сертификат за учество по завршување на тренингот.

 Профил на учесници:

  • Млади од 15 до 29 год.;
  • Да се младински работници, волонтери, наставници, едукатори, членови на младински организации;
  • Да бидат во можност да учествуваат на целата обука, активно да се вклучат во спроведување на активности;
  • Мотивирани да учествуваат во обуката;
  • Подготвени да го пренесат знаењето по обуката во нивната локалната заедница преку организирање на активности.

 Начин на пријавување:

Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават преку пополнување на формулар за учество на следниов линк.

ПОВИК ЗА КООРДИНАТОР НА ГРАНТОВИ ЗА ПРОЕКТОТ „ПОДДРШКА НА ИЗБОРНИТЕ РЕФОРМИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“

Во согласност со Организацискиот прирачник на НМСМ (член XII. Делот за Политика на раководење со персоналот; Процес на вработување, потточка вработување), и за целите на спроведувањето на проектните активности од проектот за Поддршка на изборните реформи, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, НМСМС ја отвора оваа проектна позиција.

 

I Основни податоци за проектот:

Главна цел: Демократските и кредибилните изборни процеси го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција преку овозможување на гласачите да изберат свои претставници коишто ќе бидат отчетни пред граѓаните.

Резултат 1: Зајакнатите институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси.

Резултат 2: Внатрешно демократизираните политички партии претставуваат изборни политики и програми ориентирани кон граѓаните.

Резултат 3: Политичките партии и избраните функционери се отчетни пред своите граѓани

Донатор на проектот: Швајцарската агенција за развој и соработка – СДЦ

Имплементатори на проектот: Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС и Националниот младински совет на Македонија – НМСМ

Корисници на проектот: Изборната администрација, владините агенции/институции, политичките партии, организациите на граѓанското општество, гласачите/граѓаните.

 

II ОПИС НА ЗАДАЧИТЕ за позицијата: Координатор на грантови

Координаторот на грантови ќе биде одговорен за спроведувањето на активностите доделени на Националниот младински совет на Македонија.

 

Клучните обврски ќе вклучуваат:

  • Координирање на имплементацијата на грантовите (микро-грантовите и шемата за мобилизирање на заедницата) на дневна основа со цел да се исполнат индикаторите договорени со донаторот во согласност со утврдените рокови во рамките на одобрените буџети и работните планови;
  • Планирање на активностите, организирање на средби со вклучените актери, следење на критичните прашања, приоритетизирање на стратешките прашања и работење во насока на остварување на очекуваните резултати;
  • Работењето во тесна соработка со координаторот на проектот, водечкиот ментор експерт и ИФЕС канцеларијата во врска со прашањата поврзани со планирањето, поврзувањето на програмските и оперативните процеси и постигнувањето на планираните резултати;
  • Финансискo, материјално и програмско следење и евалуација на грантовите, идентификација на оперативните и финансиските проблеми, изработка на решенија;
  • Навремена подготовка и поднесување на извештаи за напредокот и финансиските извештаи до раководителите на НМСМ и ИФЕС;
  • Одржува врски со релевантните национални и меѓународни чинители.

 

Квалификации:

  • Завршено високо образование
  • 5 години работно искуство во раководење со програми, и постојано демонстрирање на капацитет во водењето на ефективна имплементација на комплексни проекти, вклучувајќи и менаџирање и работа со податоци и подготвување на извештаи;
  • Искуство во обезбедување на влезни податоци и во координирање на спроведувањето на микро-грантови и шеми за грантови;
  • Искуство во обезбедувањето на поддршка во пишувањето на извештаи за проектите;
  • Силна способност за комуникација на англиски јазик и докажана способност за соработка и навремено испорачување на резултати во работата.

ШТО НУДИМЕ?

Позитивна работна средина

Простор за професионална и лична надградба

Менторство и поддршка во исполнување на работните задачи

Флексибилно работно време

Платен годишен одмор од 24 дена

Дополнително приватно здравствено осигурување

Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно)

Почетна плата: 25.000,00 денари нето.

 

III КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ

  • CV на англиски јазик (PDF)
  • Една страница Мотивациско писмо на англиски јазик (PDF)

 

Да се испрати до [email protected] со наслов на пораката Координатор на грантови _ (име и презиме), најдоцна од 01.12.2020, 23:59h.

Повик за прием на апликации за учество во ЕУ Академија

Хелсиншкиот комитет за човекови права го распишува овој конкурс за избор на кандидати кои ќе ја следат првата ЕУ академија за демократија и владеење на правото, вклучувајќи ги и сите предизвици кон полноправно членство.

Во рамки на проектот ,,Основите прво – Активен придонес во владеење на правото’’ поддржан од Европската Унија за 2020 година, Хелсиншкиот комитет ја организира својата прва ЕУ академија и воедно ја продолжува својата традиција да ја информира јавноста и заинтересирани страни за статусот на спроведување на темелите во тој контекст. Хелсиншкиот комитет особено има за цел да ги информира младите и ентузијастите за Европската Унија, процесот на интеграција на Република Северна Македонија, начинот на преговори и временската рамка, билатералните преговори (скриниг) со земјите членки на ЕУ и начинот на преземање на ЕУ законодавството во националниот систем.

Академијата ќе се одржи во период од 01.12.2020 – 04.12.2020 и од 07.12.2020 до 09.12.2020 со предавања во текот на работниот ден (од 09.00 до 15.00). Следејќи ги препораките и протоколите за Ковид-19, оваа година сите настани ќе се одржат виртуелно, преку апликацијата ZOOM. Настанот ќе трае 7 дена со различни сесии и не повеќе од 4 часа дневно. За учесниците ќе се обезбеди подготвителен материјал, предавање и дискусија и Сертификат од Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија за потврда на учество во ЕУ Академијата што воедно ќе претставува и референца од наша страна. Хелсиншкиот комитет во рамки на оваа академија има за цел да ја развие својата практикантска програма и да обезбеди учество на своите учесници во понатамошните активности на организацијата.

 ПРАВО НА УЧЕСТВО

На академијата имаат право да учествуваат заинтересирани лица до 25 години, а предност при процесот на аплицирање ќе имаат студенти на последна година од додипломски и/или постдипломски студии од области релевантни за работењето на Европската унија (економски, правни, филозофски студии, итн). Програмата ќе им овозможи на учесниците суштинско разбирање и учење на содржини поврзани со основите на функционирањето на Европската унија, и дискусија за сите актуелни прашања. Мотивацијата на оваа активност е да се создаде активна младина која своите ставови кон ЕУ ќе ги гради врз докази и наука, а воедно и ќе ги застапува во јавноста на начин кој е разбирлив и точен.

Предавачи на академијата ќе бидат видни експерти, универзитетски професори и практичари во областа на интеграцијата и Европската Унија, а тимот на Хелсиншкиот комитет ќе биде задолжен за организирање и спроведување на целосната програма на школата. Модератор на настанот ќе биде Александар Јованоски од Хелсиншкиот комитет за човекови права. кој е воедно практичар во областа на европските интеграции.

Повикот е отворен за пријавување до 20.11.2020 година, а за пријавата е потребно да се достави:

1.Апликација за учество (преземете ја подолу),

2.Кратка биографија (не повеќе од една страна),

3.Мотивационо писмо, во кое ќе ја изразите вашата мотивација за учествo (не повеќе од една страна во формуларот),

4.Технолошки услови за следење на Академијата (проверка со проектниот тим).

Потребните документи испратете ги на е-маил: [email protected] и [email protected]  со наслов (Subject) ЕУ академија. По спроведената евалуација, само кандидатките/кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани за реализација на настанот.

Online Workshop: Job Hunt Prep

Нова работа, нова пракса, опширно резиме и кариера од соништата… Работи кои секој ги посакува, но ретко кој успева да ги добие. За да успееме, мора да се преземат вистинските чекори, на вистинското место и во вистинското време, а тоа не секогаш е лесно.  

Со цел да дознаете и вие како да го направите овој подвиг, на 18 Ноември ве покануваме на онлајн работилницата „Job Hunt Prep“ како активност што следи по овогодинешното издание на Job Fair, во соработка со Increasing Market Employability, SDC и Palladium.  

Со почеток во 13:00 часот, оваа работилница ќе ве подготви за следното интервју или апликација, а преку примери ќе дознаете кои се деталите кои го одвојуваат совршеното CV од толпата и како да се продадете себеси.  

Ива Дујак – Кариерен советник и експерт по маркетинг ќе ви ги долови сите перспективи на кариерниот развиток. Како личност која некогаш се борела за своето прво работно место, но и била задолжена да ја избере вистинската личност за многу работни позиции, Ива ќе ни објасни како да ја зголемиме нашата шанса и да сме дел од оние кои се издвојуваат од толпата.  

Покрај сите совети, оваа презентација има уште едно изненадување. Како кариерен советник, Ива ќе ви даде совет за вашите CV-a, LinkedIn профили и поранешни апликации за работа и во текот на следните неколку дена ќе ви дава персонализиран feedback за истите. Со тоа, ќе може да дознаете кои точно се вашите грешки, но и што сте направиле правилно.  


Агенда на работилницата:  

– Reality Check  

– Што сакам да бидам кога ќе „пораснам“?  

– Првиот чекор…  

– Како да стасам до работата која ја посакувам?  

Не пропуштајте ја оваа ретка можност да ја подобрите вашата кариера и да си ги зголемите шансите да ве прифатат на праксата од вашите соништа! 

Работилницата се реализира со поддршка на Проектот за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ на Швајцарската агенција за развој и соработка.  

Се гледаме во голем број!  


Психолошка поддршка на деца и млади до 25 години

Oвие услуги се како дел од проектот “Живеење со зависност-подобрување на менталното здравје и квалитетот на живот на децата и младите кои употребуваат дроги за време на пандемската криза на Ковид-19” поддржан од

OSCE Mission to Skopje

.

Бесплатна обука за асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест

Се повикуваат сите заинтересирани лица кои имаат желба, интерес и мотив да се стекнат со сертификат за знаења и вештини потребни за грижа, нега и поддршка на лица заболени со Алцхајмерова болест, да се пријават на бесплатната обука за асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест.

Бесплатната обука подразбира интензивна тримесечна програма организирана во неколку модули и фокусирана на практичен и теоретски дел. Истата ќе биде спроведена од искусни обучувачи од релевантни области.

Во текот на трите месеци секој кандидат ќе добива месечен надоместок од 9.000 денари за покривање на патни и други оперативни трошоци.  

Како можам да се вклучам во обуката?

Многу едноставно! КЛИКНЕТЕ ТУКА за пополнување на формуларот за изразување интерес, со што автоматски влегувате во базата на кандидати за обука. Понатаму, ќе бидете контактирани од нашиот тим околу динамиката и планот за реализација на бесплатната обука.

 Што добивам од обуката?

Со успешно завршување на обуката се стекнувате со национално – признат сертификат за негa на лица со Алцхајмерова болест.

 За повеќе информации, лице за контакт – Зерина Рамиќевиќ

([email protected])

Без паника – работилница за справување со анксиозност и панични напади

Епизоди на немир, чувство на гушење, тахикардии, страв…. За жал, особено во време на пандемија, се почеста проблематика на менталното здравје.
Како да се справам со анксиозноста и паничните напади? Како да ги смирам сите тие мисли кои ми изминуваат низ главата? Како да го стишам немирот?
На оваа работилница, седмо издание од проектот “Психолошка поддршка за справување со последици врз ментално здравје на младите во пандемијата”, поддржан од Агенција за млади и спорт, ќе имате можност низ искуствени вежби да научите неколку техники за справување со негативните мисли, телесни симптоми и дисфункционални однесувања кои ги предизвикуваат паничните напади.
Предавач: м-р Јасмина Јонуз, докторант по клиничка психологија, когнитив бихејвиорал терапевт под супервизија
Бесплатно учество со пријава на следниот линк:
https://docs.google.com/…/1FAIpQLScygHoVKKm…/viewform…
По пополнувањето на пријавата ќе добиете линк на кој што може да ја проследите престојната работилница. Се гледаме на работилница

Обука за фронт-енд девелопмент

Обука за фронт-енд девелопмент од MladiHub, која нуди запознавање на основите на HTML,CSS и JavaScript. Научете на кој принцип се изградени веб страниците, како функционираат веб базираните апликации и изградете своја мини веб страна.

Аплицирајте на линкот: https://forms.gle/9AUr42E53f8EW3Kv7

 

За да обезбедите место на оваа обука, потребно е како дел од општокорисна работа да одберете помеѓу донирање 3 литри искористено масло, пишување/уредување на најмалку 8 страници на Wikipedia на македонски јазик или да подготвите видео со инструкции за користење на современите алатки за дигитална комуникација.

Повик за обука за рекламирање на Facebook&Instagram

Kaков е светот на маркетингот денес? Научете да креирате кампањи, бизнис профили и да дефинирате буџет преку оваа обука.
Аплицирајте на следниот линк: https://forms.gle/1o5XK1NzBD8GYSju8
Модули кои ќе ги опфаќа оваа обука се:
  • Креирање и дефинирање на маркетинг стратегија
  • Креирање на кампањи
  • Канали на комуникација
Цена на обука – На Facebook или Instagram треба да објавите информативен материјал за придобивките од општокорисната работа за поединецот и/или општеството (текст, слика, анимација, видео или било што по ваш избор)и во објавата да ги означите MladiHub како дел од вашата општокорисна активност.