Повик за учесници за тренинг за борба против говор на омраза и спротивставување на наративите

Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) распишува повик за учесници за тренинг за борба против говор на омраза и спротивставување на наративите во рамките на проектот „Борба против говорот на омраза и криминалот од омраза“.

 Главна цел на проектот е да се создаде одговорно општество каде луѓето активно го осудуваат говорот на омраза и криминалот од омраза во која било форма и промовираат вредности на човековите права, толеранција и прифаќање меѓу различни групи.

 Специфични цели на проектот се:

  • Да се подигне свеста за темите говор на омраза и криминал од омраза и нејзините негативни ефекти во општеството;
  • Да се ангажираат младите и професорите за да учествуваат активно во борбата против говорот на омраза преку организирање на настани и активности во нивните заедници;
  • Да се создадат алатки, методи и пристапи за справување со говорот на омраза и криминал од омраза кај младите и професорите во нивните заедници;
  • Да се промовираат наративите засновани врз човековите права како и нивната важна улога во еманципаторните и трансформативните стратегии за младите луѓе, дури и повеќе за оние кои биле директни цели или агенти на говор на омраза;
  • Да им овозможат достапност на младинските работници, наставници и активисти до постојни алатки и пристапи за активно справување со говорот на омраза.

Активност: Тренинг за борба против говор на омраза и спротивставување на наративите 

Националниот тренинг ќе собере 20 млади со цел да се развијат нивните компетенции за нотирање на говор на омраза, особено на медиумските манифестации на говор на омраза. Главната цел на тренингот е развивање на медиумска писменост и стекнување на вештини за критичко размислување, анализирање и деконструирање на говорот на омраза и развивање на контра и алтернативни наративи како механизми за борба против говорот на омраза.

 Тренингот ќе се состои од 3 дела:

  1. Подготвителна онлајн фаза – во оваа фаза учесниците ќе имаат можност да се запознаат меѓу себе како и да се здобијат со општо знаење за темата говор на омраза
  2. 3-дневна обука – во оваа фаза преку различни активности, симулации, дискусии и вежби учесниците ќе имаат можност подетално да ја истражат темата и да започнат со планирање на своите локални активности.
  3. Последователна фаза – оваа фаза се содржи од низа активности што ќе ги спроведат самите учесниците кои ќе дејствуваат како мултипликатори во својата локална заедница

 Работен јазик: македонски и албански

Датум: 2-ри, 4-ти, 9-ти и 11-ти декември, со времетреаење од максимум 2 часа дневно.
Место: Онлајн (ZOOM платформа)

 Сите учесници ќе добијат сертификат за учество по завршување на тренингот.

 Профил на учесници:

  • Млади од 15 до 29 год.;
  • Да се младински работници, волонтери, наставници, едукатори, членови на младински организации;
  • Да бидат во можност да учествуваат на целата обука, активно да се вклучат во спроведување на активности;
  • Мотивирани да учествуваат во обуката;
  • Подготвени да го пренесат знаењето по обуката во нивната локалната заедница преку организирање на активности.

 Начин на пријавување:

Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават преку пополнување на формулар за учество на следниов линк.

Сподели на