Online Workshop: Job Hunt Prep

Нова работа, нова пракса, опширно резиме и кариера од соништата… Работи кои секој ги посакува, но ретко кој успева да ги добие. За да успееме, мора да се преземат вистинските чекори, на вистинското место и во вистинското време, а тоа не секогаш е лесно.  

Со цел да дознаете и вие како да го направите овој подвиг, на 18 Ноември ве покануваме на онлајн работилницата „Job Hunt Prep“ како активност што следи по овогодинешното издание на Job Fair, во соработка со Increasing Market Employability, SDC и Palladium.  

Со почеток во 13:00 часот, оваа работилница ќе ве подготви за следното интервју или апликација, а преку примери ќе дознаете кои се деталите кои го одвојуваат совршеното CV од толпата и како да се продадете себеси.  

Ива Дујак – Кариерен советник и експерт по маркетинг ќе ви ги долови сите перспективи на кариерниот развиток. Како личност која некогаш се борела за своето прво работно место, но и била задолжена да ја избере вистинската личност за многу работни позиции, Ива ќе ни објасни како да ја зголемиме нашата шанса и да сме дел од оние кои се издвојуваат од толпата.  

Покрај сите совети, оваа презентација има уште едно изненадување. Како кариерен советник, Ива ќе ви даде совет за вашите CV-a, LinkedIn профили и поранешни апликации за работа и во текот на следните неколку дена ќе ви дава персонализиран feedback за истите. Со тоа, ќе може да дознаете кои точно се вашите грешки, но и што сте направиле правилно.  


Агенда на работилницата:  

– Reality Check  

– Што сакам да бидам кога ќе „пораснам“?  

– Првиот чекор…  

– Како да стасам до работата која ја посакувам?  

Не пропуштајте ја оваа ретка можност да ја подобрите вашата кариера и да си ги зголемите шансите да ве прифатат на праксата од вашите соништа! 

Работилницата се реализира со поддршка на Проектот за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ на Швајцарската агенција за развој и соработка.  

Се гледаме во голем број!  


Сподели на