МОН: Јавен повик – Развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата

Со цел промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на  почитување на разликите а притоа градејќи  едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент, Министерството за образование и наука објавува јавен повик за доделување на грантови за основните и средните училишта кои ќе реализираат, заеднички ученички активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката  интеграција и толеранцијата.

Активностите можат да се реализираат самостојно во училиште во кое наставата се реализира на повеќе наставни јазици или во партнерство со друго училиште.

Грантови во висина до 30.000,00 денари ке бидат доделени на 95 училишта (70 основни училишта и 25 средни училишта) кои ќе бидат селектирани со рангирање од Комисија за вреднување на апликации согласно одредените критериуми.

Јавниот повик трае до 03.12.2020 година.

Ги охрабруваме училиштата да аплицираат со проекти за заеднички активности меѓу учениците кои реализираат настава на различни наставни јазици на следниот линк.

https://www.surveymonkey.com/r/TPS8CSR

Примери на воннаставни активности кои може да се реализираат онлајн

Извор: Министерство за образование и наука

Сподели на