Наука во РСМ – моментална состојба, проблеми, предизвици и развој

По повод Светскиот ден на науката на 10 Ноември Универзитетското Студентско Собрание на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје на 11 ноември (среда) од 10:00 часот организира онлајн панел дискусија за развојот на научната дејност во Република Северна Македонија. На оваа панел дискусија, поканетите говорници ќе дадат свое видување на актуелната состојба на научно-истражувачката дејност во државата, проблемите, предизвиците и политиките за нејзин развој кои треба да се преземат во иднина.

Учество на дискусијата ќе земат:
– Ангела Најдоска, потпретседател за наука при УСС-УКИМ;
– Мила Царовска, Министерка за образование и наука;
– проф. д-р Кирил Сотировски, претставник на УКИМ на оваа дискусија и Декан на Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“;
Модератор на дискусијата ќе биде Борјан Ефтимов, претседател на УСС-УКИМ.
На дискусијата, покрај говорниците, сите присутни студенти ќе имаат можност да постават прашање и да се јават за коментар. За учество во дискусијата со прашање или коментар, можете да се пријавите на следниот линк:
https://forms.gle/HQ8SjQJtQrKN1fps5
Оваа панел дискусија има за цел да се увидат состојбата, местото и иднината на научната дејност во Република Северна Македонија. Истовремено како една од заложбите на УСС – УКИМ за зајакнување на научната дејност на универзитетите и надвор од нив, веруваме дека дискусии од ваков карактер ќе ни дадат платформа за презентирање на идеи за промоција на науката, ревидирање на состојбите на лабораториите и истражувачките центри со намера за нивно возобновување, реновирање, опремување, зголемувањето на финансиите за наука како и спроведување поголеми истражувачки проекти за академскиот кадар во кој свое учество ќе земат и студентите како дел од академската заедница.
Поради состојбата со COVID-19 панел дискусијата ќе се одржи преку ZOOM платформата. Настанот можете да го проследите преку следниов линк:
https://us02web.zoom.us/j/82167046795

Сподели на