Натпревар за студенти: Предизвик за ковид-19

Британскиот совет повикува млади и талентирани студенти на додипломски и постдипломски студии да предложат практични политики за решавање на предизвиците што ги носи пандемијата ковид-19.

Освен можноста да решаваат некој од најгорливите проблеми со кои денес се соочува светот, натпреварот ќе даде можности за вмрежување со успешни студенти од различни научни дисциплини и за освојување онлајн курс на универзитет во Обединето Кралство. 

Што претставува натпреварот за студенти Предизвик за ковид-19?

Ова е студентски натпревар посветен на креирање практични политики кои имаат за цел да ги решат најгорливите предизвици на денешницата. На натпреварот учесниците се поканети да достават кратки предлог решенија согласно насоките дадени подолу до 8 декември 2020 година. Пет првопласирани поединци или тимови ќе се пласираат во онлајн финале, каде ќе имаат 3 минути да ги изнесат своите идеи пред панел составен од креатори на политики, лидери на невладини организации и претставници на донатори. Онлајн настанот ќе се одржи во втората половина на јануари 2021 година.

 

Зошто студентите треба да учествуваат на овој натпревар?

Предностите од учеството на овој натпревар вклучуваат:

  • можност за учество на онлајн курс на универзитет во Обединето Кралство. Прворангираните ќе добијат ваучер од 1.500 фунти,  додека второрангираните ќе добијат ваучер од 1.000 фунти за онлајн курс на универзитет во Обединето Кралство
  • предлог решенијата ќе бидат објавени во онлајн збирка на Британскиот совет со сите предлози за политики на финалистите
  • вмрежување со други студенти од различни академски области
  • развој на вештини за критичко размислување, решавање проблеми и комуникација.

Кои се предизвиците на кои треба да се одговори?

Во контекстот на овој натпревар, „предизвици“ се  тематски области за кои учесниците треба да изберат специфичен проблем на локално или национално ниво, или на универзитети и болници, и да се обидат да го решат преку нивните предлози за политика. Предизвиците за овој натпревар се: 

Предизвик #1: Како да одговорите на пандемијата со Ковид-19 и да се закрепне од неа со зајакнување на социјалната правда и заштита на најранливите?

Пандемијата нема исто влијание врз маргинализираното и загрозено население. Доказите ширум светот ја покажуваат загрижувачката здравствена, психолошка, социјална и економска состојба на луѓето од малцинските заедници, вклучително и Роми; постари луѓе; малолетни лица; мигранти и бегалци; затвореници; лица со попреченост; жени; сексуални работници; корисници на дрога; оние кои живеат во сиромаштија, работат во неформална економија или немаат стабилно домување и други.

Кои се начините да им се помогне на ранливите групи? Како може да се згрижат луѓето кои се борат да се грижат за себе или имаат ограничен или никаков пристап до помош? Кои мерки можат да се воведат за да се заштитат работниците во неформалната економија? Како можеме да осигуриме дека сите деца имаат пристап до учење преку Интернет? Како можеме да осигураме семејствата со ниски примања со деца да имаат стабилен приход? Како можеме да обезбедиме непречен пристап до здравствена заштита за пациенти кои не се со ковид-19? Како може да се обезбеди потребната психосоцијална поддршка за оние на кои им е потребна?

Предизвик #2: Како да одговорите на пандемијата со Ковид-19 и да се закрепне од неа на начин што помага да се изгради изгради отпорност кон климатските промени?

Истовремено со пандемијата, се соочуваме со невидени глобални предизвици околу климатските промени, што може да се види преку порастот на температурите, намалувањето на ледените слоеви, затоплувањето на океаните и екстремните временски услови.

Како влијае пандемијата врз климатските промени и обратно? Кој е најдобриот начин да се реши проблемот што огромен број хируршки маски и друга медицинска опрема завршува во депонија? Како можеме да ја закрепнеме македонската економија од пандемијата на начин да стане позелена, почиста, поздрава и поотпорна? Како можеме да ги зајакнеме нашите капацитети за ублажување и прилагодување за да бидеме подобро подготвени да одговориме на предизвиците за климатските промени? Дали постојат мерки што можат да се наметнат на деловните субјекти, јавните институции и приватните домаќинства за да се спаси нашата животна средина?

Кој може да се пријави на натпреварот? 

Сите студенти може да се пријават кои во моментов се запишани на додипломски или магистерски студии на сите универзитети во Македонија (државни и приватни). Студентите мора да бидат на возраст меѓу 18 и 30 години на денот кога истекува рокот за пријавување (8 декември 2020 година).

Дали овој натпревар е за поединци или тимови?

Натпреварот е отворен и за поединци и за тимови до 3 члена. Особено охрабруваме да се пријават тимови кои вклучуваат студенти од различни факултети.  Подеднакво ќе бидат третирани и поединечните пријави и тимските пријави, како и пријавите од еден факултет и пријавите на тимови од различни факултети и академски области (кои ги охрабруваме).

Каков е начинот на пријавување?

Проучете ги внимателно деталните упатства за nатпревар, како и формулар за пријавување, и испратете ги заедно со основните информации за членовите на вашиот тим, до 8 декември на [email protected]

Кои се најважни датуми во овој процес?

1. Пратете пријава до 8 декември 2020 година.
2. Ќе одбереме пет најинспиративни предлози до 10 јануари 2021 година. 
3. Подготовки за големо финале во јануари 2021 година.
4. Финалистите ќе ги претстават нивните идеи преку триминутни презентации пред жири комисија на онлајн настан во јануари 2021 година.

Во февруари 2021 година ќе објавиме онлајн збирка со предлозите за практични политики на сите финалисти.

    Натпреварот за студенти: Предизвик за ковид-19 е дел од „Програмата за унапредување на улогата на науката во општеството“, финансирана и спроведена од Британскиот совет.

    Преземања: 

    Application form

    Instructions 

    Сподели на