Конференција и завршен настан за проектите “Loose Ends“ и “Digitalize“

Настанот ќе се одвива во две панел дискусии, од која што првата ќе се одвива во рамки на проектот ,,Loose Ends – Мапирање на корените на маргинализација кај младите”  на која што ќе ви биде презентирано истражувањето кое РРОМА го направи за целите на проектот и експертите ќе ги презентираат нивните доприноси и гледишта. 
   *Проектот ,,Loose Ends” има за цел да ги анализира животите на младите Роми и обесправените млади кои посетувале специјални училишта поради нивниот различен развој, под влијание на лошите услови за живеење.
Втората панел дискусија ќе се одвива во рамки на проектот ,,Дигитализирај се – алатки за возрасни Роми за да користат Интернет и промовираат образование”. На овој панел ќе имате можност да слушнете за искуството на менторите, предизвиците со кои се имаат соочено и за методите кои ги имаат користено како и да ги запознете нивните фокус групи и да го слушнете нивното искуство.
 *Со проектот ,,Digitalize’‘ имаме за цел да го зголемиме пристапот на возрасните Роми до јавните онлајн услуги преку развивање алатка која ќе им овозможи полесно да научат како да користат интернет.
Доколку сте заинтересирани да присуствувате на настанот би ве замолиле да го најавите вашето присуство на следниот формулар:  https://forms.gle/i3rXijrMhxVDjMubA 

Се надеваме дека ќе нѐ почестите со вашето присуство и дека ќе дадете ваш придонес на настанот. Во прилог ви ја испраќаме агендата и за било какви прашања контактирајте нѐ на [email protected]

 

Агендата за настанот е достапна тука.

Сподели на