Младински претприемачки самит

Драги и почитувани млади,
Чест и задоволство ни е да ве поканиме да учествувате на младински претприемачки самит.
Каде? – Дом на култура „Билјана Беличанец“ – Кисела вода
Кога? – 28.10.2022 (петок) во 12:00 часот.
Доколку сте размислувале некогаш како изгледа да имате сопствен бизнис, како да го основате или пак ви треба совет за тоа, овој настан е токму тоа што го барате. На настанот ќе се одржи работилница за генерирање на бизнис идеи и бизнис план. Ќе имате можност да слушнете приказни на искусни претприемачи кои млади го започнале својот претприемачки пат. Од самите институции ќе дознаете како и каде можете да побарате поддршка, а на крајот ќе можете да си ги споделите идеите и да сплотите сили за да создадете сопствен бизнис!
Интересно нели? 
Кликнете Going тука! Ве чекаме!
 

Сподели на