Младински хибридни центри: На пресекот помеѓу културата и претприемништвото

Младинските хибридни центри се заедничка иницијатива на „Културно Ехо“ и „Стартап Македонија“ која летово беше усвоена и од Владата.

Опис на настанот:

Долгогодишната градежна експанзија го „јаде“ јавниот простор во Скопје и неповратно му го менува ликот. Зелените површини се жртвуваат за станбени комплекси, а културното наследство се задушува со катни гаражи и трговски центри.

За среќа, градот крие многу заборавени места кои имаат потенцијал да прераснат во нови градски оази. Тоа се напуштените објекти од минатиот век – поранешните култ урни, административни и индустриски центри – кои би можеле да добијат нови функции и да се приспособат на модерното време, без да го загубат својот некогашен шарм.

Еден предлог за таквото осовременување на напуштените објекти – и институциите – се младинските хибридни центри, иницијатива на „Културно Ехо“ и „Стартап Македонија“, која летово беше усвоена од Владата. Оваа панел-дискусија е прилика да се запознаете со нашата иницијатива и да размените мислења со претставници од младите, културниот и деловниот сектор.

Агенда

17:00-17:30 – Пристигнување на настанот
17:30-17:40 – Младински хибридни центри: На што точно мислиме?
17:40-18:00 – Освојување нови простори за независната културна сцена
18:00-18:20 – Инкубација на младински бизниси како мотор на локалната економија
18:20-18:40 – Иновации кои ги решаваат горливите општествени прашања
18:40-19:00 – А што мислите вие? (Прашања од публиката)

Влезот е слободен.

Глобалната недела на претприемништво на територијата на Република Северна Македонија е подржана Халк Банка АД Скопје и УСАИД преку Активноста Партнерства за економски раст.

Сподели на