Мобилна гинеколошка амбуланта на ХЕРА

🟣 Ако живеете во рурална средина и имате ограничени услуги за сексуално и репродуктивно здравје или во место каде што воопшто немате пристап до вакви услуги, знајте дека постои Мобилната гинеколошка амбуланта на ХЕРА!
🟣 Сите гинеколошки услуги се бесплатни и доверливи! Со други зборови, не мора да имате лична идентификација или здравствено осигурување за да се прегледате.
🟣 Обратете ни се доколку имате потреба од ПАП тест, ЕХО преглед, мануелен преглед на карлица, мануелен преглед на гради, консултации и советување со гинеколог. Амбулантата е отворена и доколку сакате да добиете бесплатна орална контрацепција, терапија за сексуално преносливи инфекции, кондоми или аплицирање на спирала.
🟣 Прегледите ги извршува доктор-гинеколог заедно со акушерка, во согласност со протоколите за нудење услуги во мобилната гинеколошка амбуланта и за прием и нудење услуги во време на пандемија. Сите заштитни материјали ги обезбедуваме ние.
📝 Доколку сакате да дојдеме во вашето место на живеење или да дознаете повеќе за овој наш сервис, контактирајте нѐ на [email protected] или (02) 329 0395.

ТЕКСТ

Сподели на