ОГЛАС ЗА ПРОЕКТЕН/НА КООРДИНАТОР/КА

Работно место: Проектен(а) кординатор(ка)

Краен рок: најдоцна до 24 ноември 2022 год., 16:00 часот

Адреса за поднесување документација: [email protected]

 Хелсиншкиот комитет за човекови права е здружение формирано во 1994 година, чија мисија е заштита и унапредување на човековите права и слободи гарантирани со Уставот на РСМ и меѓународните инструменти за граѓанските, политичките и за социјалните, економските и културните права, како и Завршниот документ од Хелсинки од 1975 година и градење на демократски услови во кои тие можат да се практикуваат врз основа на владеење на правото.

Хелсиншкиот комите за човекови права, за потребите на спроведување на своите активности, објавува:

 ОГЛАС ЗА Проектен(а) кординатор(ка)

Хелсиншкиот комитет за човекови права е здружение формирано во 1994 година, чија мисија е заштита и унапредување на човековите права и слободи гарантирани со Уставот на РСМ и меѓународните инструменти за граѓанските, политичките и за социјалните, економските и културните права, како и Завршниот документ од Хелсинки од 1975 година и градење на демократски услови во кои тие можат да се практикуваат врз основа на владеење на правото.

Хелсиншкиот комите за човекови права, за потребите на спроведување на своите активности, објавува:

ОГЛАС ЗА Проектен(а) кординатор(ка)

 Опис и работни задачи:

  • Управува со текот на имплементацијата на активностите на проектите на кои е ангажиран/а;
  • Ги следи сите фактори кои може да влијаат во имплементацијата на сите тековни активности и проекти;
  • Ја организира и ја надгледува работата на останатите лица ангажирани во имплементацијата на проектите;
  • Дава иницијативи и мапира нови донатори за проекти поврзани со тематиката која ја работи;
  • Ги подготвува дописите и соопштенијата до јавноста и презема активности поврзани со медиуми и социјални мрежи а, во врска со проектните активности;
  • Одржува комуникација со донаторот и му стои на располагање за било какви информации во врска со имплементација на проектите;
  • Ги изготвува извештаите до Европската Комисија и можни други донатори на проектите;
  • Дава насоки за организирање настани, конференции и прес-конференции;
  • Учествува во застапување и комуницира со институции; и
  • Учествува во подготовка на месечни и годишни извештаи, анализи и други публикации кои ги објавува Хелсиншкиот Комитет за човекови права. 

Потребни квалификации:

  • Дипломиран/а на општествени студии со завршено четиригодишно високо образование на правни студии (т.н „стара програма”);
  • Најмалку пет години работно искуство во водењето проекти во областа на човековите права и слободи;
  • Искуство во спроведување на проекти финансирани од Европската Унија;
  • Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
  • Компјутерски вештини;
  • Работа во тим и со партнерски организации; и
  • Напредни организациски и комуникациски вештини.

Како предност ќе се смета:

  • Завршени постдипломски студии;
  • Познавање на уште еден странски јазик; и
  • Развиено чувство за работа со ранливи и маргинализирани заедници.

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо. Во кратката биографија потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци од две лица од претходни работни места. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: [email protected] најдоцна до 24.11.2022 година до 16:00 часот. При доставувањето на апликациите да се наведе работната позиција.

Постапка за избор на кандидат/ка:

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремената и нецелосна пријава од кандидатите, нема да бидат земени во предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Најдоцна до 30 декември, најквалификуваните кандидати/ки ќе бидат повикани на интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат/ка кому ќе му/и биде понудена работната позиција.

 Договор за вработување :

Со избраниот кандидат/ка Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за ангажирање на определено време од 1 година. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно, во согласност со Законот за работните односи во РМ.

Почетната месечна нето плата е 45.000 денари.

Работното место е во седиштето на Хелсиншкиот комитет за човекови права на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83а во Скопје.

Сподели на