Отварање на галерија на непобарани уметности “THE MUSEUM I DIDN’T ASK FOR”

Сашка Стефановска ве поканува на отворањето на изложбата со наслов “The museum I didn’t ask for” во Аrt Hub (ГТЦ, 2ри кат, до зелениот кров) на 30.06.2021 со почеток во 18:00 часот. 
Музејот на непобарани уметности потсетува дека никој не бара насилство и сите сме одговорни да помогнеме кон спречување на истото. Нурнете се во приказните на оние кои го споделуваат своето искуство и се ослободуваат од товарот оставајќи ги зад себе предметите и асоцијациите кои ги потсетуваат на насилството а на кои вие сте сведок во оваа галерија.
“THE MUSEUM I DIDN”T ASK FOR” е приказна за родово-базираното насилство и вознемирување кој исто така на сатиричен и хумористичен начин го исмејува сексистичкото однесување преку штетни фрази кои често се употребуваат во општеството.
Повелете на отворањето да се дружите и разговарате на темата, а за оние кои не можат да дојдат, изложбата може да ја посетите до 10.07.21, секој работен ден од 10-20 часот во галеријата. 
Влезот е бесплатен. 
Оваа активност е дел од “Radical idea: EquALLity” спроведувана од Linking, Engagement, Advocacy and Development – LEAD стипендистката Сашка Стефановска, финансиски поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Сподели на