ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА МОНИТОРИНГ ОФИЦЕР

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико во рамките на проектот насловен: Заедно за просперитетна заедница, финансиран од УСАИД – Северна Македонија кој се спроведува во партнерство со организациите ЗГ „Иницијатива за Економски Развој на Ромите – РЕДИ“, Организација за јакнење и организирање на ромската заедница “Романо Авази” и Здружение на граѓани “Ромаверзитас” објавува Јавен повик за ангажирање на мониторинг офицер.

Општата цел на проектот „Заедно за просперитетна заедница“ е да воспостави одржливи системи и да развие капацитети на ромската заедница, така што заедницата ќе може да планира, финансира и спроведува решенија за сопствените развојни предизвици и приоритети.

Проектот ќе ја поддржи ромската заедница во 17 општини во Северна Македонија во спроведување на најмалку 100 акции на локалната ниво, кои ќе бидат насочени кон приоритетните потреби на Ромите. Овие активности ќе бидат идентификувани и приоретизирани преку сеопфатен партиципативен пристап, вклучувајќи различни групи на засегнати страни, како што се граѓани, приватен сектор, локални самоуправи, јавни институции, граѓански организации, локални лидери и други формални и неформални групи на граѓани. Проектот исто така ќе го поддржи развојот на капацитетите на засегнатите страни во заедницата преку обуки, менторство и вклучување во иновативни механизми за мобилизација на ресурси.

 

Опис на одговорности и задачи

  • Мониторинг офицерот треба да воспостави методологија за следење на индикаторите за постигнување на резултатите
  • Мониторинг офицерот треба да ги мониторира резултатите на проектот и исполнувањето на истите
  • Мониторинг офицерот квалитативнo и квантитативнo да ги мери индикаторите за постигнувањето на резултатите
  • Мониторинг офицерот треба да обезбеди поддршка и координација на напорите на тимот согласно планот за работа на проектот.
  • Мониторинг офицерот треба да планира, организира, координира и контролира прибирање на податоци, обработка на податоци и известување за индикаторите и резултатите
  • Мониторинг офицерот треба редовно да комуницира со проектниот директор и партнерите како и засегнатите страни за статусот на имплементација на проектот.

 

Квалификации

Кандидатите кои ќе аплицираат на повикот треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • Завршено минимум високо образование (додипломски студии) од областа на општествените науки или други области дополнети со искуство во соодветната област
  • Стекнато минимум 1 година работно искуство во мониторинг на програми/проекти
  • Напредно познавање на Microsoft Office (Word, Excel, Power Point) и интернет алатки
  • Одлично познавање на Англиски јазик
  • Претходно работно искуство во програми или проекти финансирани од страна на УСАИД ќе се смета за дополнителна предност

 

Доставување на апликации

Кандидатите за мониторинг офицер треба да ги достават следните документи:

  • CV
  • Мотивациско писмо
  • Листа на референци (работодавачи) за контакт

Документите за пријавување треба да се достават по електронски пат на е-маил адреса: [email protected]најдоцна до 25 јули 2021 година со наслов „Апликација за мониторинг офицер “

 

Селекција на кандидатите

Селекцијата на подобните кандидати за проектен менаџер ќе ја врши комисија креирана од страна на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико.

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико го почитува начелото на еднаков третман и недискриминација во одлуките.

 

Критериуми за селекција

  • Исполнување на условите на повикот
  • Квалитетот на доставените документи
  • Освоени поени на интервјуто

Само подобни кандидати ќе бидат повикани на интервју.

За одлуката за селекција на кандидатите ќе бидат известени само кандидатите кои ќе бидат повикани на интервју. Институтот Ромалитико го задржува правото да не ги извести одбиените кандидати за причините за нивно одбивање.

Дополнителни информации за повикот можете да добиете во просториите на Институтот Ромалитико во Скопје на адреса (Аминта Трети 33а 1/25) , или на тел: 075/314-504, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот или електронски на е-маил адресата: [email protected]

Сподели на