Повик за работилници за грижа за менталното здравје

Добростостојбата кај младите се дефинира како склоп од повеќе нешта: состојба на комфорт, здравје или среќа. Токму затоа менталното здравје односно менталната хигиена има голем удел во целосната состојба во која се наоѓа една млада индивидуа. Менталното здравје ја вклучува емоционалната, психолошката и социјалната добросостојба. Состојбата на менталното здравје на младата индивидуа директно влијае врз секојдневната социјализација, лични односи, професионален развој, образование. Токму затоа е важно да се посветува време за грижа и нега за овој сегмент од личноста.

Секоја година месец мај е месец за подигање на свеста за менталното здравје, а ние оваа година решивме да го одбележиме со неколку работилници кои имаат за цел да им помогнат на младите директно да се справат со одредени предизвици со кои можеби се соочуваат или ќе се соочат во иднина. Работилниците се наменети за млади лица на возраст од 15 – 29 години.

1. Стрес и анксиозност

За време на оваа работилница учесниците ќе имаат можност да дознаат повеќе информации за стрес и анксиозност  но и како да ги препознаат. Ќе се обрне внимание на причините за појава, со фокус на различни ситуации во кои може да се појават. Ќе се споделат совети и практики кои може да се користат за справување со стрес и анксиозност. Психологот кој ќе ја води оваа работилница е Верица Бакулеска, а датумот на одржување е 06.05.2022, со почеток во 15 часот.

Пријавата за оваа работилница е затворена бидејќи бројот на учесници е пополнет.

2. Burn out syndrome

За време на оваа работилница, ќе се обрне фокус на значењето на burnout, како да се препознае, зошто се појавува, кои се начините за справување со оваа појава. Ќе се обрне внимание и на превенцијата, односно кои чекори може да се преземат за себезаштита како и други практични совети кои може да им помогнат на младите индивидуи кои можеби доживуваат предизвик во оваа област. Психологот кој ќе ја води оваа работилница е Ивица Павлов, а датумот на одржување е 13.05.2022, со почеток во 15 часот.

3. Ресоцијализација пост ковид

За време на оваа работилница, ќе се обрне фокус на социјалните интеракции и како повторно до нив. Внимание ќе се посвети и на стрес и анксиозност поради социјална интеракција пост ковид, себеизолирање и повлекување, желба за интеракција и анктивности, како и паника и грижа на совет од можно заболување ради социјална интеракција. Ќе се посвети внимание и на совети за полесно премостување на периодот помеѓу карантин, мерки и ограничувања за време на пандемија и повторно враќање на физички активности. Психологот кој ќе ја води оваа работилница е Билјана Стојановска, а датумот на одржување е 20.05.2022, со почеток во 15 часот.

4. Безусловно прифаќање на себеси, другите и светот

За време на оваа работилница ќе се обрне внимание на концептите за условена самопочит и безусловно прифаќање на себеси, другите и светот низ вежби и интеракција. Психологот кој ќе ја води работилницата е Атанас Ивановски, а а датумот за одржување на 31.05.2022 година, со почеток во 15 часот.

➜ Сите работилници ќе се спроведат со физичко присуство, а локацијата ќе биде во Скопје. Патните трошоци не се покриени во рамки на работилниците.

Поради големиот интерес за сите активности поврзани со ментално здравје кои НМСМ ги реализираше во изминатиов период, а поради ограничувања во однос на просторот, бројот на учесници е ограничен на максимум 40 млади лица по работилница. Ќе се користи принципот first come, first served.

Линкот за пријавување на  последната работилница „Безусловно прифаќање на себеси, другите и светот“ е достапен тука.

Овие работилници ги организира Националниот младински совет на Македонија, во соработка со платформата разговор.мк, а со поддршка на Канцеларијата на Претседателот на Република Северна Македонија. За сите психолози повеќе информации може да дознаете на платформата разговор.мк.

Сподели на