ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ: Circular Economy Hot Spots

Имаш интерес и идеи за животната средина, циркуларната економија и претприемништво? Аплицирај да бидеш дел од меѓународен проект, посетиш егзотични локации и стекнеш практично искуство.

LEAD упатува повик за селекција на 10 млади луѓе на возраст од 15-23 години кои ќе учествуваат во проектот Circular Economy Hot Spots.

Целта на проектот е да ги поттикнеме младите луѓе да придонесат за животната средина преку концептот на циркуларна економија и претприемништво.

ОД ШТО СЕ СОСТОИ ПРОЕКТОТ?

Преку проектот избраните учесниците ќе имаат можност да учествуваат на три меѓународни тренинзи во текот на 2022 година но и да реализираат сопствена зелена локална иницијатива.

Деталните активности се следни:

1. Тренинг – Идентификување на зелени предизвици 16-24 мај 2022 година во Гвадалупе (Карибски острови)

2. Тренинг – Развивање на Green Entrepreneurial Objectives (GEO) 16-22 септември 2022 во Охрид

3. Тренинг – Рефлексија и развој на одржливи планови декември 2022 во Италија

Во рамки на целиот проектот, тимот кој ќе биде селектиран од С.Македонија ќе биде поделен на 2 еднакви групи од по 5 лица кој помеѓу секој тренинг ќе има за задача да реализира сопствена зелена локална иницијатива.

Учеството на сите три тренинга како и реализацијата на иницијативите се задолжителни за сите селектирани учесници. Покрај 10-те учесници од Македонија, на сите активности ќе учествуваат и по 10 учесници од Италија и Франција.

НАЧИН НА АПЛИКАЦИЈА И СЕЛЕКЦИЈА

Право на аплицирање имаат млади на возраст од 15 до 23 години кои во моментов се дел од некои од средните училишта или се редовни студенти на некои од Универзитетите во С.Македонија.

Аплицирањето се врши со пополнување на следната АПЛИКАЦИСКА ФОРМА најдоцна до 10 април 2022 година.

Критериумите за селекција се следни:

–>Разбирање на областа циркуларна економија – 10 поени
–>Мотивација за учество – 10 поени
–>Искуство/интерес/позадина со теми поврзани со животната средина – 10 поени
–>Познавање на англиски јазик – 10 поени

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО И ТРОШОЦИ

Селектираните учесници ќе бидат известени најдоцна до 15 април 2022 година.

Котизацијата за учество во целокупниот проект е 2000 денари. Котизацијата ќе бидат уплатена еднократко по изборот на учесниците. Сите трошоци поврзани со учеството на тренинзите, пат, сместување и храна се покриени од страна на проектот.

КОВИД-19 услови:

Заради КОВИД-19 протоколите, сите аплицирани мора да бидат целосно вакцинирани со некоја од следните вакцини: Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield или Johnson & Johnson.

И тоа под услов да се поминати:

–>7 дена од втората доза Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield (вакцини признати од Европската агенција за лекови-EMA)
–>28 дена од Johnson & Johnson;
–>7 дена од трета доза mRNA вакцина (Pfizer) за лицата кои претходно примиле вакцина која не е призната од Европската агенција за лекови-EMA.

КАКО ЌЕ ТИ КОРИСТИ ПРОЕКТОТ?

Учеството на проектот ќе ти овозможи да:

–>Се запознаеш повеќе со темата на Циркуларна економија
–>Научиш повеќе за претприемништво и реализирање на одржливи проекти
–>Влијаеш во твојата локална заедница
–>Ги развиеш твоите интеркултурни вештини како и англискиот јазик
–>Стекнеш практично искуство во реализација на зелените иницијативи

Сите учесниците кои ќе го комплетираат целокупниот проект ќе добијат сертификати за учество.

КОЈ ГО РЕАЛИЗИРА ПРОЕКТОТ?

Проектот Circular Economy Hot Spots го реализираме во соработка со ЕдуАктив од Италија и Ride In од Гвадалупе. Проектот е финансиран преку програмата Еразмус+

Сподели на