Повик за учество на младинската размена “Youth , the environment and climate change”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена ,,Youth , the environment and climate change” која што ќе се одржи  од 09.02.2023 до 20.02.2023 фебруари 2023 година ( 9ти и 20ти се денови за патување) во Бребу, Романија.

 

Целта на оваа младинска размена е да се забележи влијанието на оваа тема врз младите учесници на ниво на личен развој и меѓусебни односи, како што тие ќе научат директно да комуницираат меѓу себе, да ги споделуваат своите ставови, да ги вразумат и научат другите за заштита на животната средина и за борбата против климатските промени.

Живеејќи заедно во село 10 дена, 40-те млади луѓе ќе ги развијат своите граѓански, социјални и културни вештини, збогатувајќи ги своите знаења за заштитата на животната средина, борбата против климатските промени и волонтирањето, за потребата од активно вклучување во животот во заедницата, промовирајќи го граѓански дух за квалитетна животна средина, со придобивки за здравјето и заедницата.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
    организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 25ти јануари 2023 година, најдоцна до 18:00 часот!

Сподели на