Повик за пишување на блогови за локално младинско учество

Бараме млади блогери! 👨‍💻👩‍💻

Како дел од проектот „Заедници инклузивни за младите“, отвораме повик за пишување блогови на тема локално младинско учество, со цел ги истакнеме позитивните промени кои младите и младинските организации ги прават во своите локални заедници.
Повикот е отворен за млади на возраст 15-29 години.
Теми за блог
Поднесете блогови на теми поврзани со локално младинско учество, кои ќе се фокусираат на придонесот на младински организации во креирањето на младински политики во локалните заедници, позитивните промени предизвикани од млади и неформални групи на млади на локално ниво, како и на Вашиот личен и професионален развој од учеството во младински организации.
Блогот е замислен како слободен простор за отворени разговори на теми кои се однесуваат на локалното младинско учество. Блоговите е потребно да бидат базирани на факти и нивната содржина да ги почитува различностите. Доколку овие критериуми не се исполнети, НМСМ го задржува правото да предлага промени во содржината или да не го објави блогот.
Формат на блог
Блогот треба да се однесува на темите наведени погоре.
Блогот треба да биде напишан на македонски или албански јазик.
Блогот треба да биде најмалку 500 зборови.
Рок за поднесување
Повикот за блогови ќе биде континуирано отворен со цел обезбедување на простор за гласот на младите во текот на имплементацијата на проектот.
За проектот
Главната цел на проектот е да ги ангажира младинските граѓански организации да обезбедат поддршка на своите локални заедници, да ги искористат постојните механизми за учество во локалните политики и процесите на донесување одлуки кои се однесуваат на нивните потреби и потребите на нивните конституенти.
Проектот e финансиски поддржан од Европската Унија и го спроведуваме во партнерство со SFERA International, Youth Empowerment Platform – YEP и Фондација за развој на локалната заедница – Штип.

Доставете ги вашите блогови на следниот линк: https://bit.ly/3jzIa9C

#LocalYouthAction

Сподели на