ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА МЛАДИНСКАТА МРЕЖА ЗА ЕДНАКВОСТ

🥳Од денеска го отвораме повикот за нови членови на нашата Младинска мрежа за еднаквост. Младинската мрежа за еднаквост ќе биде младинско тело коешто ќе има важна улога во работата на Еквалис, а ќе има и изразена компонента како платформа за локално дејствување на младински активисти од целата држава.
📢Тематските полиња во коишто ќе дејствуваат активистите на Младинскта мрежа за еднаквост се: родовата еднаквост, ЛГБТИ+ еднаквоста и мултиетничкиот соживот.
🏞️Формирањето на мрежата ќе започне со тренинг за новите членови што ќе се одржи во Кратово од 13-19 јануари, 2023.
🌐Повеќе информации за Мрежата, тренингот и начинот на аплицирање на следниот линк: tinyurl.com/36dxvvjz
🇪🇺Формирањето на мрежата и активностите кон нејзиното формирање се дел од проектот „Младите обединети за еднаквост“ поддржан од European Youth Foundation и Советот на Европа.

Сподели на