ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА МЛАДИНСКАТА МРЕЖА ЗА ЕДНАКВОСТ

🥳Од денеска го отвораме повикот за нови членови на нашата Младинска мрежа за еднаквост. Младинската мрежа за еднаквост ќе биде младинско тело коешто ќе има важна улога во работата на Еквалис, а ќе има и изразена компонента како платформа за локално дејствување на младински активисти од целата држава.
📢Тематските полиња во коишто ќе дејствуваат активистите на Младинскта мрежа за еднаквост се: родовата еднаквост, ЛГБТИ+ еднаквоста и мултиетничкиот соживот.
🏞️Формирањето на мрежата ќе започне со тренинг за новите членови што ќе се одржи во Кратово од 13-19 јануари, 2023.
🌐Повеќе информации за Мрежата, тренингот и начинот на аплицирање на следниот линк: tinyurl.com/36dxvvjz
🇪🇺Формирањето на мрежата и активностите кон нејзиното формирање се дел од проектот „Младите обединети за еднаквост“ поддржан од European Youth Foundation и Советот на Европа.

Tренинг курс: Дигитални вештини за настани за млади

МЛАДИНСКИ СОЈУЗ КРУШЕВО

Како акредитирана Еразмус организација од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилности на Република Северна Македонија ја имплементираме обуката „Дигитални вештини за настани за млади“.

Со цел да се зголемат капацитетите на нашата заедница (вработени, младински работници, обучувачи, млади луѓе вклучени во активностите на организацијата, волонтери) од суштинско значење за реализација на квалитетни активности во клучните области:

·Фотографирање

·Снимање

·Стримање во живо

·Снимање подкаст

· Дигитална промоција

·Просторно организирање

·  Видео подготовка

За да за да се слушне гласот на младите и да се создаде видливост кон нивните проблеми.

Оваа обука ќе се одржи од 14-ти до 19-ти декември, во Крушево, Северна Македонија и вклучува четири партнерски организации кои претставуваат четири различни земји: Грција, Србија, Хрватска, Чешка, како и Северна МакедонијаЦелта на оваа обука е младите, активно да придонесат за развој на дигиталните содржини и платформи со фокус на младински информации, обуки и вмрежување со цел нивно активно вклучување во општеството, со акцент на градењето на капацитетите на младите луѓе.


Повеќе инфо на: https://drive.google.com/file/d/1rwfWwt49mcM4fbZbIHyhWJgF86mjlepo/view

Пријава на: https://docs.google.com/forms/d/1ULoF0RYjrRUhPtNaqLHEdc26Xd7fLz12EnmSUU9Hb7c/viewform?edit_requested=true

Програма: https://docs.google.com/document/d/1ryPZivXIKFIquvOE8Gn5U0w-UXAFWyNF/edit

Младинска размена: IN! Academy 

 Што е IN! Academy?

IN!Academy е уникатен проект кој им помага на младите на возраст од 15-22 години да ги подобрат своите меки вештини и бизнис вештини и да работат на сопсвен проект со искусен ментор. Како бонус, нуди можност за патување во Словачка и запознавање со истомисленици.

Проектот се одвива паралелно во Словачка и Северна Македонија, а во него ќе учествуваат околу 30 млади луѓе. Учеството е целосно покриено од фондовите на Европската Унија преку програмата Еразмус+

 

Програма

 

IN!Academy трае од февруари до август 2023 година и програмата вклучува:

  • младинска размена во Долни Кубин, кој ќе трае 7 дена. Ќе зборуваме за учесниците, како да и помогнеме на заедницата и како да креираме проект (февруари 2023 година)
  • 6 онлајн вебинари со искусни предавачи на практични теми како што се дигитални вештини, социјално претприемништво или управување со проекти (март до јули 2023 година)
  • викенд настан во Пробиштип, каде што ќе ги завршиме индивидуалните и групните проекти (март-април 2023 година)

Можат да аплицираат млади од 15-22 години (но ќе имаме в предвид и поединечни случаи со добра мотивација доколку сте малку помлади/повозрасни), кои имаат постојано живеалиште во Источен или Североисточен регион на Северна Македонија и се заинтересирани за развој.

Може да се пријавите овде, а по пополнувањето на едноставниот прашалник ќе треба да прикачите кратка биографија и мотивационен документ во кој ќе објасните зошто сакате да учествувате во програмата.

 

Зошто да аплицирам?

Дали имате идеја што сакате да ја спроведете, но ви недостасува импулс и ментор?
Дали сакате да го примените вашето знаење од училиште во пракса?
Дали сакате да патувате во странство и да запознавате нови луѓе и култури?
Дали барате активност која ќе изгледа одлично во вашата биографија и ќе ви помогне во иднина?
Ако одговоривте со ДА на барем едно прашање, не двоумете се и пријавете се!

 

 Колку чини учеството во програмата?

Учеството е целосно бесплатно, In! Academy е покриена со програмата Еразмус+. Единствен услов е да може да се поврзете на интернет за да учествувате во онлајн елементите и да имате валидна лична карта или пасош за патувањето во Словачка.

Аплицирајте на овој ЛИНК до 30 ноември, 2022 година. 

Повеќе информации за проектот на https://socialinnovatorsnetwork.mladiinfo.sk/in-academy/