Младинска размена: IN! Academy 

 Што е IN! Academy?

IN!Academy е уникатен проект кој им помага на младите на возраст од 15-22 години да ги подобрат своите меки вештини и бизнис вештини и да работат на сопсвен проект со искусен ментор. Како бонус, нуди можност за патување во Словачка и запознавање со истомисленици.

Проектот се одвива паралелно во Словачка и Северна Македонија, а во него ќе учествуваат околу 30 млади луѓе. Учеството е целосно покриено од фондовите на Европската Унија преку програмата Еразмус+

 

Програма

 

IN!Academy трае од февруари до август 2023 година и програмата вклучува:

  • младинска размена во Долни Кубин, кој ќе трае 7 дена. Ќе зборуваме за учесниците, како да и помогнеме на заедницата и како да креираме проект (февруари 2023 година)
  • 6 онлајн вебинари со искусни предавачи на практични теми како што се дигитални вештини, социјално претприемништво или управување со проекти (март до јули 2023 година)
  • викенд настан во Пробиштип, каде што ќе ги завршиме индивидуалните и групните проекти (март-април 2023 година)

Можат да аплицираат млади од 15-22 години (но ќе имаме в предвид и поединечни случаи со добра мотивација доколку сте малку помлади/повозрасни), кои имаат постојано живеалиште во Источен или Североисточен регион на Северна Македонија и се заинтересирани за развој.

Може да се пријавите овде, а по пополнувањето на едноставниот прашалник ќе треба да прикачите кратка биографија и мотивационен документ во кој ќе објасните зошто сакате да учествувате во програмата.

 

Зошто да аплицирам?

Дали имате идеја што сакате да ја спроведете, но ви недостасува импулс и ментор?
Дали сакате да го примените вашето знаење од училиште во пракса?
Дали сакате да патувате во странство и да запознавате нови луѓе и култури?
Дали барате активност која ќе изгледа одлично во вашата биографија и ќе ви помогне во иднина?
Ако одговоривте со ДА на барем едно прашање, не двоумете се и пријавете се!

 

 Колку чини учеството во програмата?

Учеството е целосно бесплатно, In! Academy е покриена со програмата Еразмус+. Единствен услов е да може да се поврзете на интернет за да учествувате во онлајн елементите и да имате валидна лична карта или пасош за патувањето во Словачка.

Аплицирајте на овој ЛИНК до 30 ноември, 2022 година. 

Повеќе информации за проектот на https://socialinnovatorsnetwork.mladiinfo.sk/in-academy/

 

Сподели на