Предизвикот околу машкото ментално здравје – пандемија во сенка?

Би сакале да ве поканиме да присуствувате на вебинарот насловен “Предизвикот околу машкото ментално здравје – пандемија во сенка?”, кој се реализира со поддршка на Македонско-американската алумни асоцијација (МААА).
Вебинарот ќе се одржи по пат на конференциска врска преку платформата Zoom, во петок, 27 ноември, со почеток во 18 часот.
Целта на проектната иницијатива е да го адресира предизвикот на менталното здравје, кој станува особено актуелен за време на тековната пандемија со ковид-19. Неизбежното чувство на несигурност, проследено со рестриктивните мерки, кај човекот како биолошко, психолошко и социјално битие, доведе до ситуација на пораст на последиците по неговото психичко здравје.
Овој вебинар е посветен на подигнување на свеста за отворената комуникација околу менталното здравје кај населението и тоа токму во месецот ноември, кој во светски рамки се одбележува како Моември – месец на машкото здравје.
Дали состојбата со менталното здравје носи нова пандемија во најава? Колку мажите се подготвени слободно да зборуваат за својата психичка состојба? Како граѓаните да се справат со стресот поврзан со пандемијата?
ДЕТАЛИ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ВЕБИНАРОТ:
Topic: MAAA Webinar: Предизвикот околу машкото ментално здравје – пандемија во сенка?
Time: Nov 27, 2020 06:00 PM Warsaw
Meeting ID: 824 5657 1220

На вебинарот ќе зборуваат следните говорници:
– Арбана Пашоли, пратеничка во Собранието на РСМ и психолог;
– Ана Попризова, психотерапевт и училишен психолог;
– Ѓорѓе Хаџи-Ангелковски, психијатар;
– Анита Николовска, извршна директорка на Младите можат.
Проектен иницијатор и модератор на настанот:
М-р Иван Дургутов, магистер по право, дел од програмата Study of the U.S. Institutes (SUSI) 2019 и член на Македонско-американската алумни асоцијација (МААА).
 

Сподели на