Таргет групи на проектот се студентски компании, млади лица и студенти, граѓански организации, наставници, средни училишта, парламенти, стопански комори и носители на одлуки.
Проектот започна да се имплементира во март 2020 година, а ќе трае до февруари 2023 година.
Во склоп на проектот е предвидено да се реализираат три тридневни обуки за претставници на граѓански организации, меѓу кои и обука за креирање политики.
Датите за обуката ќе се договорат во консултација со избраниот обучувач.
Обуката е предвидено да се реализира електронски, преку платформата ZOOM. Работниот јазик на обуката ќе биде македонски јазик.
Повеќе информации за проектот, обуките и начинот на аплицирање може да најдете ТУКА.
Рок за аплицирање: петок (04.12.2020) најдоцна до 16:00 часот.