Повик за вработување: Виш асистент за политички прашања

Backgrouond:

OSCE field operations are the front line of the OSCE’s engagement on the ground, supporting host authorities in fulfilling OSCE commitments and implementing a comprehensive approach to security. The OSCE Mission to Skopje is the Organization’s longest-serving field operation working on inter- ethnic relations, early warning, the rule of law, democratic governance and transnational threats and organized crime.

Tasks and responsibilities: 

Under the direct supervision of the Political Adviser and in close cooperation with the members of the Political and Reporting Unit, the incumbent will be responsible for:

  1. Supporting dialogue with Government representatives, political parties and civil society, through:
    • Assisting in developing and maintaining contact with external stakeholders to ensure continuous dialogue with political parties, parliamentarians, government officials and civil society organizations, and to strengthen and further widen the Unit’s network of contacts;
    • Organizing meetings with political interlocutors and accompanying the Chief of Unit and other international team members to meetings;
    • Producing background material and drafting talking points for meetings, and providing interpretation at meetings as required;
  2. Monitoring and analyzing political and legislative developments, more specifically:
    • In co-ordination with members of the Unit, monitoring political and security developments, election issues and issues affecting inter-ethnic relations by gathering information, analyzing data and assessing trends;
    • Analyzing and regularly informing the Unit about the activities of Parliament and providing details and analysis about planned and ongoing legislative processes; replacing the Mission’s Focal Point for Parliament in her/his absence;
    • Providing regular updates and briefings on political and legislative developments;
  3. Following and reporting on reform processes and priorities in areas of the Mission’s mandate and programmatic work, in particular on Parliament, through:
    • Assisting in regular monitoring of reform priorities of the host country institutions relevant to the Mission’s mandate and the country’s strategic priorities; keeping track and, maintaining record of the Government and Parliament reform priorities, action plans, adopted decisions and conclusions with an impact on the Mission’s work with host country institutions;
    • Drafting background briefings, memos and concept notes on planned or adopted legislation and policies, and their political background and implications;
    • Assisting in the outreach to Parliament regarding the Mission’s programmatic work with the institutions, liaising internally about concrete developments, requests for assistance and any identified areas for programmatic support;
  4. In coordination with the Political/Reporting Officer and Political Adviser, preparing inputs for the Political and Reporting Unit and Senior Management, more specifically:
    • Regular and ad-hoc inputs on political and legislative developments, including for weekly, bi-weekly and spot reports;
    • Reports ranging from short briefings to substantial policy analyses, and recommendations for appropriate courses of action by the Mission;
    • Meeting notes and summaries of discussions with political interlocutors; talking points, background papers, briefers, input for speeches and other correspondence;
  5. Performing other duties as required. 

How To Apply:

All candidates must apply online, using the OSCE online application link, found under https://jobs.osce.org.

Please note that applications received after the deadline, submitted in different formats than the OSCE Online Application Form or in other languages than the English language would not be considered.

The recruitment procedure may take up to two months and we will be in further contact with you only if you are selected for an interview. The OSCE retains the discretion to re-advertise the vacancy, to cancel the recruitment, or offer the position with modified terms of reference or a different duration.

The OSCE is committed to diversity and inclusion within its workforce, and encourages the nomination of qualified female and male candidates from all national, religious, ethnic and social backgrounds.

Please be aware that the OSCE does not request payment at any stage of the application and review process.

Работилницата „Средба со компанија“ – Илирика

Младинскиот инфо клуб – Скопје ве повикува да бидете дел од работилницата „Средба со компанија“ – Илирика

На оваа работилница ќе имате можност да слушнете повеќе за инвестицски фондови , мудро управување со со лични финансии но и ќе имате можност и за понатамошна сорабтока со Илирика.

Придружете ни се на овој воведен настан на 1-ви декември во 19 часот со примарцна цел зголемување на финасиска писменост.

Покрај квалитетните информации, присутните ќе бидат запознаени за идните можности за напредна едукација и можности за соработка.

Доколку сакате да бидете дел од овој настан , пријава може да пополните на следниов линк.

Повик за обука за дигитален маркетинг

Дигитализацијата веќе не е опција, туку потреба!
Обуката ги опфаќа основите на дигиталниот маркетинг, развојот, креирање на маркетинг стратегии, сите видови на маркетирање низ дигиталниот простор, аналитика и извештаи и платформите и методите на маркетирањето

Аплицирај на линкот.

За да добиете пристап до оваа обука, општокорисната работа би била чистење на јавен простор, објави на социјални медиуми за важноста на општокорисната работа или креирање и уредување на 3 статии на Wikipedia на македонски јазик

Предизвикот околу машкото ментално здравје – пандемија во сенка?

Би сакале да ве поканиме да присуствувате на вебинарот насловен “Предизвикот околу машкото ментално здравје – пандемија во сенка?”, кој се реализира со поддршка на Македонско-американската алумни асоцијација (МААА).
Вебинарот ќе се одржи по пат на конференциска врска преку платформата Zoom, во петок, 27 ноември, со почеток во 18 часот.
Целта на проектната иницијатива е да го адресира предизвикот на менталното здравје, кој станува особено актуелен за време на тековната пандемија со ковид-19. Неизбежното чувство на несигурност, проследено со рестриктивните мерки, кај човекот како биолошко, психолошко и социјално битие, доведе до ситуација на пораст на последиците по неговото психичко здравје.
Овој вебинар е посветен на подигнување на свеста за отворената комуникација околу менталното здравје кај населението и тоа токму во месецот ноември, кој во светски рамки се одбележува како Моември – месец на машкото здравје.
Дали состојбата со менталното здравје носи нова пандемија во најава? Колку мажите се подготвени слободно да зборуваат за својата психичка состојба? Како граѓаните да се справат со стресот поврзан со пандемијата?
ДЕТАЛИ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ВЕБИНАРОТ:
Topic: MAAA Webinar: Предизвикот околу машкото ментално здравје – пандемија во сенка?
Time: Nov 27, 2020 06:00 PM Warsaw
Meeting ID: 824 5657 1220

На вебинарот ќе зборуваат следните говорници:
– Арбана Пашоли, пратеничка во Собранието на РСМ и психолог;
– Ана Попризова, психотерапевт и училишен психолог;
– Ѓорѓе Хаџи-Ангелковски, психијатар;
– Анита Николовска, извршна директорка на Младите можат.
Проектен иницијатор и модератор на настанот:
М-р Иван Дургутов, магистер по право, дел од програмата Study of the U.S. Institutes (SUSI) 2019 и член на Македонско-американската алумни асоцијација (МААА).
 

Онлајн младински консултации

Преку глава ти е од сите недостатоци во твоето училиште и маало? Свесен си за проблемите околу тебе, но не знаеш како и каде да реагираш? Имаш безброј идеи за подобрување на околината, но немаш кому да ги кажеш?
Тогаш приклучи се кон нашата работна група за средношколци и учествувај во креирање и застапување на Младинската декларација – документ за младински приоритети, потреби и визии!
Младинската декларација претставува документ кој МОФ го креира во изминатите две години, заедно со стотици средношколци од целата земја. Целта на овој документ е да ги срочи сите предизвици, проблеми и недостатоци кои го окупираат секојдневието на младите во една целина која ќе служи како поттик и водилка за надлежните Општини и институцииите да ги исполнат барањата за подобрување на квалитетот на живот.
Документот е составен од неколку области кои ги содржат клучните пречки на младите во нашето општеството. Сега, во оваа финална фаза на обработка на декларацијата, ве покануваме вас, средношколците, да се приклучите и да го дадете вашето мислење со цел да ни помогнете да ја финализираме оваа идеја, а со самото тоа и да станете дел од Првата ваква младинска декларација.
Првите средби со работната група ќе се одржат на 25ти и 27ми ноември, а за да се пријавите потребно е да го пополните следниот прашалник.
 
Оваа активност е изработена со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Град Скопје, а во рамки на Проектот за младинско изразување финансиран од Европската Унија.

Поврзување на млади луѓе за социјално претприемништво

Последна шанса за аплицирање за учество:
бараме млади луѓе со интерес во темата социјално претприемништво на кои им требаат контакти и сорабoтка за развој на нивните идеи

Нудиме моженост за поврзување со млади луѓе од 🇦🇱 🇧🇦 🇷🇸 🇲🇰 🇸🇰 🇨🇿 🇵🇱 🇭🇺.
📍Аплицирај најдоцна до 30ти Ноември на овој линк. 
#ssen #бидигласанеехо

Повик за информативни групи

Центар за младински активизам ЦМА Крик Ве поканува на информативна група на која ќе бидат дискутиран процесот на подготовка, праќање и примање на млади лица со попреченост на активности во рамки на Erasmus+ програмата. 💡
📅 #Koга: 30.11.2020 (понеделник), со почеток во 13:00 часoт
📍 #Каде: Microsoft Teams платформа 
🔜 На настанот ќе присуствуваат младински работници, координатори на европски образовни програми и мобилност и едукатори кои имаат искуство во работа со млади лица со попреченост.
Информативната група е дел од KA2 проектот “ALL Inclusive – Overcoming barriers to participation”, кој се спроведува во партнерство со младински организации од Финска, Италија, Романија и РС Македонија, а е финансиски поддржан од Финската Национална агенција.
Поради ограничен број на учесници, Ве молиме пријавете се со пополнување на следната форма најдоцна до 27.11.2020 година.
Доколку имате било какви прашања, Ве молиме контактирајте не на: [email protected].

Меѓународен форум на културно креативно претприемништво

Ве покануваме да учествувате на првиот „Меѓународен форум на културно креативно
претприемништво“ организиран од УМПАКИ – Унија на креативни индустрии, а финансиран од Министерство за култура на Р.С. Македонија.
Меѓународниот форум е дводневен настан чија цел е да се промовира концептот на креативно културно претприемништво, да се едуцираат
учесниците за креативното претприемништво преку интерактивни работилници и да се вмрежат со можност за
идни партнерства.
I ден, 30-ти ноември,
хотел Солун, 10.00ч
II ден, 1-ви декември 2020г.,
online ZOOM платформа, 11.00ч.
Пријавете го вашето учество на е-меил [email protected]

SexEd 3.0: Не си сама | You are not alone

Колку поретко се зборува, толку почесто се случува. И обратно!
Токму затоа, третото издание на SexEd му го посветуваме на насилството – семејното, сексуалното, врсничкото, родово базираното. Сеприсутно (и) кај нас, а сепак невидливо за надлежните.
Така, ни се случи „Јавна соба“* – една јавна и којзнае уште колку тајни! Така се нижат неброени случаи на насилство, кон кои медиумското око најчесто се свртува само кога се фатални. Исход кој станува уште поверојатен сега, за време на пандемијата, кога за многу жени и деца домот се претвори во место на уште поголем страв и трепет.
А волјата да се превенира наместо да се санира постои само на хартија: ја ратификувавме дури и Истанбулската конвенција, но и натаму немаме доволно засолништа и советувалишта, а институциите си ја префрлаат топката и постапуваат „итно“ обично кога е веќе предоцна.
За поретко да се случува, мора почесто да се зборува!
Овојпат, пет говорници од Македонија, Белгија и Шведска ќе зборуваат за секстингот, за (не)прифатливото сексуално однесување и за соодветните реакции, за важноста на образованието и за насилните искуства на младите, за смелоста да се реагира – дури и на музички фестивали, ама и за (работата со) сторителите на насилство.
Годинава, SexEd за првпат ќе се случи онлајн, преку платформата Zoom. Линкот до преносот ќе ви го испратиме откако ќе се пријавите на овој линк.
Ќе има превод на англиски и знаковен јазик.
Бујрум!
#НеСиСама
#КажиНЕ на насилството врз жени и девојчиња
*„Јавна соба“ беше порнографска група на социјалната мрежа „Телеграм“ која броеше над 7000 корисници и во која се споделуваа експлицитни видеа и фотографии од девојки во Македонија. Во јануари групата беше затворена, но досега никој е казнет.