Повик за информативни групи

Центар за младински активизам ЦМА Крик Ве поканува на информативна група на која ќе бидат дискутиран процесот на подготовка, праќање и примање на млади лица со попреченост на активности во рамки на Erasmus+ програмата. 💡
📅 #Koга: 30.11.2020 (понеделник), со почеток во 13:00 часoт
📍 #Каде: Microsoft Teams платформа 
🔜 На настанот ќе присуствуваат младински работници, координатори на европски образовни програми и мобилност и едукатори кои имаат искуство во работа со млади лица со попреченост.
Информативната група е дел од KA2 проектот “ALL Inclusive – Overcoming barriers to participation”, кој се спроведува во партнерство со младински организации од Финска, Италија, Романија и РС Македонија, а е финансиски поддржан од Финската Национална агенција.
Поради ограничен број на учесници, Ве молиме пријавете се со пополнување на следната форма најдоцна до 27.11.2020 година.
Доколку имате било какви прашања, Ве молиме контактирајте не на: [email protected].

Сподели на