Кажи! Верувај! Активирај се! – Јавна дискусија за волонтеризам и активизам

Деновиве кружат мубаети и објави дека нашиот merch има посебна позадинска приказна. Нешто се зборува дека со неговото купување допринесуваш кон реализација на иницијативи за млади. Секако, точно е.
🤗 За да ти покажеме на кој начин сме го правеле тоа до сега и како ќе продолжиме да го правиме истото приклучи ни се на 5ти декември, денот на волонтерсвото.
📢 Заедно со неколку волонтери ќе дискутираме за:
🟨 волонтерските активности и можности
🟦 реализација на нивните иницијативи
🟨 каква поддршка им требала најмногу во тие моменти.
🗯 Преку интерактивна диксуија, ќе имаш можност да поставиш прашање за се што те интересира за волонтирањето и да ја разјасниш секоја дилема околу твоето вклучување, без разлика дали е директно или индиректно.
И ако си купиш нешто пред настанот, ќе имаш можност директно да учествуваш во персонализацијата на merch-от што си го нарачал/а. Нашите пријатели од Партизан принт ќе ти овозможат вклучување и мини едукација во целиот процес на сито печатење.
📅 Датум: 5ти декември (сабота)
🕐 Време: 13:00 – 15:00 часот
📍 Локација: ZOOM
🗣️Ако сакаш да учествуваш на настанот, пријави се на линкот подолу, следи го твојот е-меил и ФБ настанот за дополнителни информации за приклучување.
✍️Линк за пријава: https://forms.gle/M2rWZzRvHuFmDVD1A
 
*Проектот е имплементиран од Здружение на граѓани Младите можат, а поддржан од германската фондација Schuler Helfen Leben.

Сподели на