ПРЕТПРИЕМАЧКА АГОРА: МЛАДИТЕ АЛХЕМИЧАРИ НА НАШЕТО ВРЕМЕ

„Агорите“ отсекогаш биле познати како хабови на знаење, тестирање и инспирација. Оваа година, Младиинфо Интернационал и Младите можат (Скопје), Порака Нова (Струга) и YEP (Гостивар) со задоволство ве покануваат на еден друг вид на агора, претприемничко дружење посветено на младите. Ви ветуваме виртуелен простор поголем од која било реална агора, без сообраќаен метеж и за разлика од традиционалните агори, место кадешто може да настапат многу жени. Ќе се погрижиме сите да бидат доволно застапени: политичари, филозофи, претприемачи, научници, дури и поети. Придружете ни се, да направиме бреинсторминг, да си замислиме, да креираме и да ја рашириме моќната младешка магија со нас. Агората се организира во рамки на проектот Зошто не јас 2.0? (Why Not Me 2.0?).
Повеќе детали околу агендата, следуваат наскоро!
Линк за регистрација: https://hopin.com/events/c6c64b36-0b97-4bd8-88d4-71aed691d19f?fbclid=IwAR3mbL26Uq7g35lVWFcjnsJiiys-QnlJ5_0R4_sSAmyuJCMtD_m-L1Y_l4g

Целта на проектот Зошто не јас 2.0? (Why Not Me 2.0?), а со тоа и на самите вебинари кои ќе се организираат е охрабрување на младите луѓе во С.Македонија да започнат свои бизниси, можностите и стимулациите за започнување и водење успешни деловни активности и да ги информира претприемачите кои се почетници за можностите да ги зајакнат и прилагодат своите бизниси кон новонастанатите околности. Проектот Зошто не јас 2.0? (Why Not Me 2.0?) е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.

Сподели на