Промоција на АНАЛИЗА НА РОДОВИТЕ (НЕ)ЕДНАКВОСТИ во Северна Македонија

Националниот младински совет на Северна Македонија – НМСМ и Мрежата Стела Ве покануваат на Промоција на Анализа на Родовите (не)еднаквости во Северна Македонија.

Анализата има за цел да даде сеопфатно разбирање за перцепцијата за родова еднаквост помеѓу младите луѓе во нашата држава и да придонесе кон креирање на политики согласно потребите на младите во ова поле.

Оваа промоција е уникатна можност да се запознаете со сознанијата и разбирањата на младите луѓе во однос на родовата (не)еднаквост кај нас. Настанот ќе се одржи на 26 октомври 2023 година, со почеток во 09:45 часот, во Public Room.

АГЕНДАТА ЗА НАСТАНОТ е достапна ТУКА.

Пријавете го Вашето учество со пополнување на следниот ФОРМУЛАР.

Анализата е подготвена во рамки на проектот „Eднакви можности за девојчињата и младите жени во Северна Македонија”, кој се фокусира на родовиот јаз. Проектот го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија – НМСМ и Мрежата Стела, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје. Целта на проектот е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени да бидат поактивни во општеството, да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Сподели на