Обука на тема „Подигање на свеста за родовата еднаквост во медиумите, известувањето и улогата на родовосензитивно известување“

Мрежата Стела организира обука на тема „Подигање на свеста за родовата еднаквост во медиумите, известувањето и улогата на родовосензитивно известување“, која ќе се одржи на 30 октомври (понеделник), со почеток во 10 часот, во просториите на МладиХаб во Скопје (Канцеларијата на Претседателот).
Оваа обука за новинар(к)и ќе вклучи теоретско и практично обучување за подигање на свеста за род и медиуми, како и методи за внесување на родовосензитивно известување во новинарството. Со надеж дека овој пристап ќе им помогне на новинар(к)ите да станат посвесни за значењето на родот и да го интегрираат во својата работа, известување и истражување, Мрежа Стела ќе ги доближи новинар(к)ите кон подобрен пристап при известување на прашања поврзани со родовата нееднаквост, родовобазираното насилство и подобрување на позицијата на жените и девојките.
Планирани се три сесии, интерактивна дискусија и практични вежби:
  • Сесија 1 – Родова еднаквост во новинарството
  • Сесија 2 – Интерсекциски пристап при новинарско истражување и известување
  • Сесија 3 – Вовед во Советот за Етика на медиумите
Целосната агенда можете да ја најдете ТУКА.
Ве молиме да го пријавите Вашето учество со пополнување на формуларот достапен ТУКА.
Овaa иницијатива е дел од проектните активности фокусирани на „Еднакви можности за девојчињата и младите жени во Северна Македонија”, проект кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија – НМСМ и Мрежата Стела, со финансиска поддршка од страна на Британската амбасада во Скопје. Целта на проектот е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени да бидат поактивни во општеството, да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Сподели на