Саем за социјални претпријатија

‼ Во сабота во 11ч го организираме Првиот саем за социјални претпријатија кои нудат услуги и/или производи за намалување, реупотреба, селектирање и рециклирање отпад во рамки на настанот Биди Зелен 🌱 Bëhu i gjelbër – REduce, REuse, REcycle ( 👈кликни Going) . 🌱
Ќе имате можност да се запознаете со :
1️⃣ REDI Recycling – услуга за селекција на пластика и хартија во станбени згради
2️⃣ МаМаОргана – природни ѓубрива, подобрувачи на почва, еко песок за миленици
3️⃣ О-Круг // O-Krug – природни освежувачи на воздухот и есенцијални масла од кора од портокал
4️⃣ SIEC Macedonia upcycled облека
5️⃣ 2ndcycle__– upcycled ламби
Со овој настан во сабота сакаме да зборуваме за циркуларната економија, за можноста од отворање мали социјални бизниси кои нудат ем уникатни производи/услуги, ем ја унапредуваат заедницата 🤘
Ќе зборуваме за правилно управување со отпадот, односно за намалување, реупотреба и рециклирање ♻
И да, селектирање и рециклирање не е исто!
***
Овој настан е организиран во рамки на програмата RECONOMY регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Сида), имплементирана од Helvetas Swiss Intercooperation во Источна Европа, Јужен Кавказ и Западен Балкан

Сподели на