Социјални бизниси – Иновираме заедно

Jунус центарот за социјални бизниси при Економски факултет – Скопје, Опсерваторија за социјално претприемништво и Факултетско Студентско Собрание – Економски Факултет ве покануваат на работилница за социјално претприемништво која ќе се одржи на 19 (Среда), 21 (Петок) и 26 Мај (Среда) во периодот од 17 до 20 часот.
🔹 Иако во последно време интересот за социјални претпријатија бележи значаен раст, поимот не секогаш е доволно јасен.
🔹 Од големо значење за социјалните бизниси се и младите луѓе кои се катализатори на иднината и имаат можност сами да го создадат светот во кој сакаат да живеат.
Програма:
ДЕН 1: Во светот на социјалните бизниси
ДЕН 2: Развој на социјална бизнис идеја
ДЕН 3: Моделирање на социјална бизнис идеја
Целосната програма може да ја видите подолу на самиот фејсбук настан. ⬇️⬇️⬇️
 
➡️ Преку оваа работилница ќе може да го проширите вашето знаење за социјалните бизниси и ќе научите како да креирате и развиете сопствени социјални бизнис идеи.
➡️ За сите учесници на сите три настани следува сертификат.
 
💻📋 Линк за пријавување:
https://forms.gle/cE4TLYQQsRv97RLYA

Сподели на