Тренинг за тренери од областа на медиумската писменост и интеркултурен дијалог

Институтот за различност на медиуми – Западен Балкан, заедно со Асоцијација на младински весници во Босна и Херцеговина (ОнауБИХ ), Младински и неформален образовен форум (Форум МНЕ) и Младински образовен форум (МОФ) објавуваат повик за апликации за Тренинг за тренери од областа на медиумска писменост и интеркултурен дијалог.

Повикот е отворен како дел од проектот „Младите во Западен Балкан – виртуелна разгледница“, чија цел е да ја подобри медиумската писменост и да поттикне критичко размислување кај младите, како и да создаде интеркултурен дијалог меѓу младите во Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Босна и Херцеговина. Целта е да се поттикнат младите да бидат општествено ангажирани, добро информирани лица со критичка мисла, а медиумската и дигиталната писменост, како и зголемената видливост на младите во медиумите се гледа како средство за постигнување на таа цел.

Програмата вклучува четири модули од кои:
● Интеркултурен модул (онлајн);
● Различност и говор на омраза во медиумите (онлајн);
● Водење виртуелна размена (онлајн);
● Водење меѓукултурни дијалози (Подгорица, 16-18 мај 2023).

ШТО СЕ ОЧЕКУВА ОД ТЕБЕ?
● Редовно присуство на сите модули;
● Активно учество и посветеност во текот на модулите;
● Пренесување на стекнатото знаење и спроведување на 6 до 8 виртуелни работилници за млади од регионот, по завршување на Тренингот.

КАКО ДА СЕ АПЛИЦИРА?
Доколку:
● Имаш помеѓу 18 и 29 години;
● Имаш претходно искуство (дури и скромно) со младинската работа;
● Течно зборуваш англиски;
● Имаш искуство или желба да работиш во мултикултурни средини;

Повикот е отворен до 17 март (до 23:59 часот).

Повеќе информации се достапни на овој линк.

 

Сподели на