Чај и книга!

🍵Чај и 📚книга, добра комбинација нели?😊
Подгответе си шолја од вашиот омилен чај и творба која сакате да ја споделите со нас и придружете ни се во петок!
🌞Некои ќе речат дека времето можеби е веќе и премногу топло за чај, но вистинските љубители на чајот знаат дека секое време е време за чај.
Па ајде заедно да го одбележиме меѓународниот ден на чајот!
📅КОГА? 21.05.2021 год. (петок);
🕕ВО КОЛКУ? 18:00 ч.;
🧭КАДЕ? На ,,ZOOM”;
📥Пријавување? Во ,,инбокс” на организацијата ГРИТ .
Млади креативци, ученици, студенти на ова заедничко дружење ќе се запознаеме, ќе разговараме околу традицијата со чајот и читањето книги и ќе имате можност да споделите дел од вашите творби!
Имаме подготвено интересна програма и за следни активности, кои сакаме да ги реазлизираме и споделиме со вас. Значајна е вашата поддршка и учество.
Побрзајте, ве очекуваме!
📍Носител на проектот:
ГРИТ- Пробиштип 

Сподели на