Јавен повик за избор на младински претставник во Управен одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан – РИКО

  • На 04 јули 2016 г. од страна на премиерите од земјите од Западен Балкан (Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Косово) беше официјално потпишана Меѓународната спогодба за формирање на Регионална канцеларија за младинска соработка (РИКО), со седиште во Тирана, Албанија, која започна со работа од 01 јануари 2017 г.
  • Највисоко тело во оваа канцеларија е Управниот одбор составен од 1 владин и 1 невладин претставник од секоја од шесте држави (младински претставник). Изборот на младински претставник ќе биде извршен од Работна група за избор на младински претставник, формирана од Агенција за млади и спорт по доставените пријави на јавниот повик за учество во истата.

  • Младинскиот претставник во Управниот одбор се избира со мандат од три години, без можност за продолжување.

    Работата на Управниот одбор ќе ги опфаќа следниве активности:

              Усвојување на тригодишен финансиски план

              Усвојување на тригодишен стратешки план и годишни оперативни планови

              Усвојување на годишниот извештај на активности на РИКО

              Усвојување на годишниот финансиски извештај

              Овозможување политичка поддршка за стратешките, оперативните и финансиските планови во Земјите на РИКО

              Давање мандат на Надзорниот одбор во соработка со Генералниот секретар да воспостави Работни групи на конкретни теми поврзани со младите, во рамки на мандатот на РИКО

              Избор и разрешување на Генералниот Секретар во Секретеријатот

              Склучување договори со државите за членство во РИКО

              Склучување и прекинување на договори за соработка со државите кои се надвор од РИКО

              Воспоставување на Комитет за селекција за процесот за избор на Секретеријатот и националните Канцеларии

    Кандидатот за член на Управен одбор треба да:

              Да е државјанин на Р.Македонија со постојано место на живеење во Р.Македонија (копија од лична карта) и копија од државјанство;

              Да не е постоечки член на оваа работна група;

              Да е на возраст од 18-30 години;

              Да достави пополнета апликациската форма и пропратно писмо;

              Да достави СV и мотивациско писмо; 

              Да достави три препораки за своето искуство поврзано со младински политики.

              Да достави номинација од организација која спаѓа во формите на младинско организирање, согласно касификацијата во Законот за младинско учество и младински политики;

              Да не е вработен во државна администрација и/или да не е член на управен или надозрен одбор на државна институција (изјава заверена на нотар).

    Кандидатот за член на Управен одбор треба да ги исполнува следните критериуми:

              Да има 3 години работно искуство во имплементација и координација на  младински проекти;

              Да има одлично познавање на англискиот јазик;

              Да поседува одлични комуникациски вештини;

              Да поседува преговарачки вештини, вештини за застапување и лобирање;

              Искуство во тело за одлучување на младински организации или организации за млади;

              Искуство во финансиско, стратешко планирање и изготвување на акциски планови и годишни извештаи;

              Менаџирање на проектни тимови, работни групи или младински организации/организации за млади;

              Да учествувал во изработка младински политики, стратегии и акциски планови;

              Да демонстрира познавање на регионални политики за млади.

              Да не е во редовен работен однос и/или ангажиран во државна администрација, како и да не е член на било каков управен или надзорен одбор во државна институција.

    Позицијата младински претставник во Управен одбор на РИКО е неплатена. Трошоците за сместување и пат за учество на состаноците на Управниот одбор ќе бидат покриени од вкупнуот буџет на РИКО.

    Кандидатот за член на Управен одбор на РИКО, потребно е да ги достави следните документи:

              Пополнета и своерачно потпишана апликациска форма;

              Мотивациско писмо;

              Кратка биографија (CV);

              3 писма за препорака за докажување на своето искуство

              Копија од лична карта

              Копија од државјанство

              Изјава дека не е во редовен работен однос и/или ангажиран во државна администрација и дека не е член на било каков управен или надзорен одбор во државна институција, заверена на нотар;

              Пропратно писмо

    На барање на работната група, може да бидат побарани и други дополнителни документи за верификација.

    Потребно е документите да бидат доставени на електронска адреса [email protected] со наслов „Пријава за младински претставник во УО на РИКО_Име и презиме“, најдоцна до 25.03.2021, 23:59 часот.

    Пријавите кои ќе стигнат по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

    За сите прашања во однос на конкурост, можете да нè контактирате на е-маил: [email protected] и [email protected].

Сподели на