Јавен повик за пријава во програма за практикантска работа – МЗМП

Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото во Република Северна Македонија” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје објавува повик за пријава во програма за практикантска работа.

Секој кандидат треба да ги исполнува следните услови:

Завршени три години правни студии (стекнати 180 кредити);

Интерес во областа на заштита на човековите права;

Основно познавање на англиски јазик.

Од практикантите се бара подготвеност да се обврзат на учество во текот на целокупното траeње на практикантската работа во циклусот од три месеци – април, мај и јуни 2023 година.

МЗМП ги повикува сите заинтересирани млади правници (вклучувајќи ги и студентите на постдипломски студии по право) да испратат свое резиме/CV и да испратат пополнет формулар (во прилог), на електронската адреса [email protected] или на ул. Донбас бр.14 1/6, 1000 Скопје, најдоцна до 26.03.2023 година.

Сподели на