Јавен повик за поддршка во создавање авторски аудио подкасти

Oстануваат уште три дена за пријавување на повикот за аудио поткаст!

За пријавување потребно е да ни испратите мејл на centar.jadro@gmail co назнака „Поткаст на Центар-Јадро“ во кој ќе наведете:

-концепт за поткастот (до пола страна);
-ваше кратко био;
-претходно искуство со овој или сличен медиум;
-дали ќе имате гости на поткастот и кои би биле тие;
-колку епизоди планирате (минимум две, максимум четири, со можност за продолжување доколку има ентузијазам од страна на автор(к)ите);
-дали ќе водите соло или со уште некој(а).

Краен рок за испраќање на апликациите е 19 март, недела, 2023 година.

Сподели на