UPSHIFT-ЦИКЛУС 5 ПОВИК ЗА ЕКО-ПРОЕКТИ

LEAD – Leaders for Education, Activism and Development објавува повик за средношколци за дигитални еко-решенија ДИГИТАЛНИ решенија за проблеми/предизвици поврзани со ВОДА, ВОЗДУХ, ЕНЕРГИЈАТА или ПОЧВА.

Дигиталните технологии нудат потенцијал да обезбедат одржливи решенија за многу од навидум нерешливите општествени предизвици поврзани со климатските промени.

Во рамките на овој циклус, тимовите составени од средношколци треба да достават ДИГИТАЛНИ решенија за проблеми/предизвици поврзани со ВОДА, ВОЗДУХ, ЕНЕРГИЈАТА или ПОЧВА вклучувајќи:
➡️Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кон следење, прочистување и подобрување на квалитетот на водата, воздухот и почвата.
➡️Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кон следење на потрошувачката на вода и енергија
➡️Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кон одговорно користење на водата, воздухот, почвата и енергијата.
➡️Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кои не придонесуваат за зголемување на емиссите на C02 или отпаден материјал.
➡️Други предизвици и решенија поврзани со ВОДА, ВОЗДУХ, ЕНЕРГИЈАТА или ПОЧВА во насока на климатските промени и заштитата на животната средина.
Услови за аплицирање:
✔️Повикот е отворен за сите средношколци на возраст од 14 до 19 години кои се дел од средните училишта во нашата земја.
✔️Секој тим мора да биде составен од 5 члена од кои најмногу 3 члена можат да бидат од ист пол. Тимовите силно се охрабруваат да вклучат ученици од маргинализираните групи (ученици од социјално загрозени семејства, ученици со попречености и сл.)
✔️Два и повеќе тима од исто училиште е возможно да аплицираат само доколку сите членови на тимовите се различни.
Од пристигнатите апликации, ќе бидат селектирани 10 финалисти врз основа на критериумите наведени на официјаната веб страна на UPSHIFT: https://upshift.lead.org.mk/ciklus-5-digitalizacija/
Рокот за поднесување апликации е до 2 април 2023.
Повеке инфромации можете да пронајдете тука.

EDYN North Macedonia повик за нови членови

EDYN North Macedonia објавува отворен повик за нови членки!

Станете дел од #EDYNfamily и бидете дел од идејата што обединува наместо дели.

Пријавете се за членство и придружете се на EDYN, која верува дека помладата генерација може подобро!

Во овој повик, се охрабруваат да аплицираат подобни и соодветни кандидати, лица со попреченост и лица од различни етички групи.

Рокот за апликации е отворен до 2 април 2023 година.

Аплицирајте за членство уште денес на овој линк.

Повеќе информации за мрежата се достапни тука.

ENGAGE YOUTH 2023

Младински образовен форум и Радио МОФ ве покануваат на првиот ENGAGE Youth за оваа година.
На 31 март (петок) 2023 година со почеток во 13:00 часот, во дворот на Младински образовен форум и Радио МОФ, млади активисти ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, родова еднаквост, активизам и култура во нивните локални заедници.
Со 4 говорници ENGAGE Youth ќе обезбеди едукација, интеракција и инспирација за млади, групи и организации чија цел е да го подобрат општеството.
Настанот е поддржан од National Endowment for Democracy, а организиран од Младински образовен форум и Радио МОФ.
Повеќе информации се достапни тука.

Волонтерска акција за пошумување опожарено подрачје

На 18 март 2023 година, со почеток во 10 часот во КО Драчевица, Демиркаписко ќе се одржи акција за пошумување опожарено подрачје.

На пошумувањето ќе присуствуваат волонтери од Штип, Велес и Скопје, а може да ни се придружиш и ТИ!

Да ја вратиме бојата на шумата!

Повеќе информации за Боренка можете да пронајдете тука.

Јавен повик за поддршка во создавање авторски аудио подкасти

Oстануваат уште три дена за пријавување на повикот за аудио поткаст!

За пријавување потребно е да ни испратите мејл на centar.jadro@gmail co назнака „Поткаст на Центар-Јадро“ во кој ќе наведете:

-концепт за поткастот (до пола страна);
-ваше кратко био;
-претходно искуство со овој или сличен медиум;
-дали ќе имате гости на поткастот и кои би биле тие;
-колку епизоди планирате (минимум две, максимум четири, со можност за продолжување доколку има ентузијазам од страна на автор(к)ите);
-дали ќе водите соло или со уште некој(а).

Краен рок за испраќање на апликациите е 19 март, недела, 2023 година.

Јавен повик за пријава во програма за практикантска работа – МЗМП

Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото во Република Северна Македонија” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје објавува повик за пријава во програма за практикантска работа.

Секој кандидат треба да ги исполнува следните услови:

Завршени три години правни студии (стекнати 180 кредити);

Интерес во областа на заштита на човековите права;

Основно познавање на англиски јазик.

Од практикантите се бара подготвеност да се обврзат на учество во текот на целокупното траeње на практикантската работа во циклусот од три месеци – април, мај и јуни 2023 година.

МЗМП ги повикува сите заинтересирани млади правници (вклучувајќи ги и студентите на постдипломски студии по право) да испратат свое резиме/CV и да испратат пополнет формулар (во прилог), на електронската адреса [email protected] или на ул. Донбас бр.14 1/6, 1000 Скопје, најдоцна до 26.03.2023 година.

Јавен повик за поднесување концепти со опис и идеја за стручни статии за четврто издание од списанието “Правен фокус”

Македонското здружение на млади правници – МЗМП објавува повик до сите млади правници кои истражуваат и пишуваат да поднесат концепти за стручни статии за четвртото издание на списанието “Правен фокус”!

Услови за аплицирање се:

Лицето да е дипломиран правник/правничка на возраст до 35 години;

Да поседува интерес во областа на човековите права;

Задолжително присуство на online обука за академско пишување организирана од МЗМП, пред започнување на процесот на пишување на стручната статија;

По објавувањето на списанието, авторот/авторката да присуствува на тркалезна маса организирана од МЗМП на која ќе ги презентира наодите, заклучоците и препораките од стручната статија.

Списанието „Правен фокус” е дел од активностите на проектот „Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото“, поддржан од Холандската Амбасада во Северна Македонија.

Рокот за пријавување е до 13 март 2023.

Повеќе информации се достапни тука.